Македонија
Ако Грујевски не биде екстрадиран до 17 мај, ќе му се суди во издвоена постапка и за „Трезор“
Ако до 17 мај во Македонија не биде екстрадиран ексначалникот на Петтата Управа во УБК, Горан Грујевски, ќе му се суди во издвоена постапка. Ова го соопшти судијката Џенета Бектовиќ на денешното рочиште за случајот „Трезор“, за злоупотреба на пари во набавката на софтвер во МВР. Таа го задолжи адвокатот Петар Василев во рок од 15 дена да обезбеди полномошно за застапување пред судот на Грујевски, во спротивно судот ќе му додели адвокат по службена должност. Ова е второ одложување на предмет поради отсуство на Грујевски по „Таргет – Тврдина“, предметот за масовното прислушување, кој на ист начин е одложен и закажан за 15 мај.
СЈО за овој предмет има докази на 14 страници, како и сведоци. Обвинети се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски, кој е во екстрадициски притвор, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, и помошник-министерот во МВР и поранешен член на Управен одбор на Телеком, Небојша Стајковиќ, дека злоупотребиле државни пари за набавка на опрема за лично богатење. Станува збор за обвинение за злоупотреба на пари за набавката на софтверот од странство за потребите на Петтата управа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

