Македонија
Актерот Петар Мирчевски ја доби битолската награда „4 Ноември“ за животно дело
Во обновениот Офицерски дом во Битола, синоќа се одржа свечена церемонија, на којa наградата за животно дело „4 Ноември“ му беше доделена на доајенот на битолското и македонското глумиште, актерот Петар Мирчевски.
„Чест ми е што го добивам ова високо признание за животно дело. Се гордеам што можев на својот мајчин македонски јазик да ги промовирам мојот матичен театар, Народниот театар од Битола, мојот град Битола и мојата земја Македонија во многу земји во светот. Му се заблагодарувам на моето семејство, од кое секогаш имав голема поддршка, но и на мојот театар, на мојот град Битола и на моите битолчани. Посебна благодарност до битолската публика, која ме следеше сите овие четири децении низ моите театарски, телевизиски и филмски оставрувања. Секогаш ме бодреше, ме поддржуваше и ме мотивира да истраам во она што го работам. Ако не беше битолската публика, немаше да бидам ни јас она што сум, затоа ви благодарам и ви се поклонувам“, истакна Мирчевски.

Гудачкиот квартет „Вива стрингс“ настапи во музичкиот дел од програмата, а по завршувањето на свечениот дел, Офицерскиот дом беше отворен за сите посетители, кои беа послужени со тикварник, онака како што досегашната градоначалничка Наташа Петровска вети дека ќе биде при отворањето за битолчани на Офицерскиот дом.

Офицерскиот дом ќе биде отворен и денес на одбележувањето на 4 Ноември, Денот на солободувањето на Битола, за сите оние што сакаат да го посетат, а настанот ќе биде збогатен со музичка програма на учениците од битолското музичко училиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

