Контакт

Македонија

Активистите бараат итно да се спречи изградбата на хотел на „Горица 3“: „Се гради противзаконски“

Објавено пред

Активистите на граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ и еколошкото здружение на граѓаните „Фронт 21/42“ преку отворено писмо побараа од надлежните институци во државата да ја спречат изградбата на хотелски комплекс на локацијата „Горица 3“.

dobivaj vesti na viber

Здруженијата во отворено писмо до премиерот, Владата, градоначалникот на Охрид и до обвинителите порачаа дека неопходно е суштинско и итно спроведување на Уставот, законите и меѓународното право во случајот со хотелскиот комплекс на „Дивелоп груп“ во Горица, Охрид.

Велат дека наспоти изјавите деновиве за борбата против корумпираниот систем, кој не смее да победи, на терен без никаков проблем продолжува да се уништува највредното природно и културно богатство, со флагрантно кршење на Уставот, законите и меѓународното право, дозволено и овозможено токму од страна на одговорните институции во државата.

Нивниот допис во продолжение.

„1. Хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп се гради со противзаконско Одобрение за градба, издадено од Општина Охрид на 06.04.2012 година, врз основа на проект за кој не е спроведена оценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и за кој не постои Решение за согласност за спроведување на проектот од страна на МЖСПП.

Член 88 од Законот за животна средина и член 62 од Законот за градење недвосмислено дефинираат дека вака издаденото Одобрение за градба се смета за ништовно.

Актуелниот градоначалник Пецаков има обврска по службена должност да го прогласи ова Одобрение за градба за ништовно (Член 124 од Законот за општата управна постапка).

Дополнително, укажуваме дека Одобрението за градење од 2012 година нема печат за правосилност, поради што не може да се применат одредбите од Законот за градење кои ги дефинираат роковите за започнување, односно завршување на градбата (што повлекува друга серија на прекршувања на Законот за градење).

2. Не само што нема одобрена Студија за оценка на влијанието врз животната средина, туку за хотелскиот комплекс во Горица Општина Охрид има издадено дозвола дури и без одобрен елаборат за животна средина – законите не дозволуваат да се изгради мотел на периферија на Скопје без одобрен елаборат, а не пак хотелски комплекс на територија на светско наследство.

3. Актуелната против-законска градба со која се уништува дел од светското наследство е помогната од страна на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС).

Имено, во септември 2024 година ДИЖС доби барање да изврши вонреден надзор и да провери дали за проектот Дивелоп Груп има доставено до МЖСПП известување за намера за изведување на проект и дали е спроведена ОВЖС постапка пред да се исече шумата. Според Законот за животна средина, ДИЖС имаше обврска да утврди дека инвеститорот никогаш не го доставил обврзното известување за намера, што повлекува серија други прекршувања, и по утврдување на фактичката состојба да го забрани спроведувањето на проектот, да нареди враќање на природата во првобитната состојба и да изрече соодветна глоба.

Државниот инспектор за животна средина сето ова го игнорираше. Наместо тоа, и спротивно на законот, одлучи дека инвеститорот имал право самиот да си одбере дали ќе се спроведе ОВЖС постапка, или ќе се изработи елаборат за животна средина (кој ја исклучува јавноста).

Тука не запира помошта од страна на ДИЖС за уништување на природата со незаконско градење:

– при инспекцискиот надзор инвеститорот Дивелоп Груп му доставил на инспекторот копија од Барање за согласност за елаборат со дата од 06.04.2012. Одобрението за градба е со истата дата, што очигледно покажува дека било издадено без одобрен елаборат за животна средина. Инспекторот одлучи и ова да го игнорира;

– наместо да го побара решениете со кое МЖСПП го одобрило елаборатот во 2012 година, инспекторот одлучи да го побара елаборатот и за тоа даде рок од 30 дена. Постоење на (наводен) елаборат во 2024 година на ниеден начин не докажува дека градбата се одвива со решение за одобрение добиено во 2012 година. Дополнително, 30 дена е доволно време за да се изработи документ кој ќе се нарече елаборат за заштита.

Од МЖСПП побаравме копија од Барањето за согласност за елаборат кое Дивелоп Груп наводно го доставиле на 06.04.2012, како и копија од решението со кое МЖСПП го одобрило елаборатот. Го добивме следниов одговор „За доставеното барање, согласно архивата на МЖСПП, нема издадено Решение по елаборат за животна средина“.

Со други зборови, основано се сомневаме дека инспекторот за животна средина му овозможил на инвеститорот да изработи фалсификуван документ, со кој понатаму привидно може да „докаже“ дека хотелскиот комплекс се гради во согласност со Законот за животна средина.

Од ДИЖС побаравме копии од документите кои наводно биле проверени за време на надзорот, како „Барање за препис на решение за одобрување на елаборатот, доставено (од Дивелоп Груп) до МЖСПП на 02.10.2024“ и самиот елаборат. Не само што ДИЖС не дозволи пристап до овие информации од јавен карактер, туку за наводното „Барање за препис на решение за одобрување на елаборатот…“ пристапот го забрани со образложение дека истото “се однесува на комерцијални и други економски интереси на приватен субјект“.

Наместо да го заштити јавниот интерес, едно од основните законски начела на инспекцискиот надзор, ДИЖС со флагрантно кршење на сите релевантни национални закони и Архуската конвенција, одлучи да го штити економскиот интерес на Дивелоп Груп.

4. Незаконската градба на хотелскиот комплекс се одвива врз основа на незаконски урбанистички план:

– хотелскиот комплекс на Дивелоп Груп е дел од урбанистички план донесен во 2007 година (УПВНМ за дел од туристички комплекс локалитет „Горица“), без обврзната стратегиска оцена на влијание врз животната средина (СОЖС). Според Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (член 16), Општина Охрид имаше обврска истиот да го поништи и за таа област да изработи нов урбанистички план, усогласен со заштитните зони и мерките за заштита од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион (2020-2029). Оваа законска обврска општината требаше да ја спроведе најдоцна до 07.12.2020 година.

Значи, повеќе од 3 години пред започнат градежните активности за хотелскиот комплекс, општината имала законска обврска да донесе сосема поинаков урбанистички план. Ако овој план бил во согласност со законите, не би предвидувал хотелски комплекс, бидејќи планираната “група на хотели во Горица“ во Извештајот за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Планот за управување со Охридскиот Регион е посочена како “закана“ за светското наследство.

– Општина Охрид имаше законска обврска да нареди прекин на спроведувањето на урбанистичкиот план на кој се базира изградбата на хотелот на Дивелоп Груп и по друга основа – спроведување на Стратегиски план за рехабилитација на светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. Итната активност 2.6.1. од овој план (која општината требаше да ја спроведе до 02.2024 година) предвидува „Одлука за прекин на примената на сите акти и плански инструменти со кои се дозволува урбана трансформација на крајбрежјето на Охридското Езеро.“ Предметниот урбанистички план го опфаќа крајбрежјето на езерото.

5. Спротивно на законот, ДИЖС и Управата за животна средина не ѝ наложија на Општина Охрид да го измени урбанистичкиот план.

Имено, до ДИЖС се обративме и со барање за надзор врз (не)законитоста на урбанистичкиот план врз основа на кој се изведува градбата на хотелскиот комплекс. Наместо да ѝ наложи на општината итно да ги стопира градежните активности, да го поништи стариот и да започне постапка за усвојување на нов урбанистички план (како што налага Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион – член 43 став (2)), ДИЖС ја префрли надлежноста на Управата за животна средина. Управата, од своја страна исто така се прогласи за ненадлежна, со што и таа го прекрши посочениот закон (член 40 став (10)).

6. Изградбата на хотелскиот комплекс во Горица е спротивна на Уставот:

– во јули 2024 година, Комитетот за светско наследство ја усвои одлуката 46 COM 7B 44 со која, покрај останатото, од Северна Македонија се бара „да го стопира градењето во близина на Студенчишко Блато и Горица Север и на комплексот Горица 31 се додека погоре-споменатите СОЖС и ХИА не се комплетираат“.

– во декември 2024 година, Бернската конвенција при Советот на Европа, ја усвои последната одлука за отворениот случај 2017/2 за заканите врз кандидат Емералд подрачјата Охридско Езеро и НП Галичица од урбанизација и инфраструктурни проекти, во која, покрај останатото Постојниот комитет на конвенцијата изрази „посебна загриженост за развојот на урбан комплекс во рамки на Рамсар подрачјето Студенчишко Блато и почетокот на изградба, во април 2024, на нов хотелски комплекс која се базира на стар урбанистички план од 2007 година и се спроведува без законски обврзната ОВЖС.“

Член 118 од Уставот налага недвосмислена обврска државата (значи сите институции) да ги спроведува ратификуваните меѓународни договори. Дополнително, член 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори јасно ја лоцира одговорноста за извршување на овие договори кај Владата и претседателот на Републиката, а член 24 од истиот закон упатува на обврска за спроведување на Бернската и конвенцијата на УНЕСКО и од страна на МЖСПП, Управата за животна средина и ДИЖС.

Поаѓајќи од сето наведено, бараме Владата, Министерството за животна средина и Општина Охрид итно и без одлагање да си ги спроведат уставните и законските обврски и да обезбедат:

– стопирање на изградбата во Горица, отстранување на градбата и враќање на природата во изворна состојба од пред 2011 година, со пошумување;

– огласување на Одобрението за градба на хотелскиот комплекс издадено од Општина Охрид на 06.04.2012 година за ништовно;

– поништување на УПВНМ за дел од туристички комплекс локалитет „Горица“ од 2007 година и изработка на нов урбанистички план кој ќе биде во согласност со Планот и Законот за управување со светското наследство и нема да предвидува изградба на хотелски комплекс;

– донесување на Одлука за прекин на примената на сите акти и плански инструменти со кои се дозволува урбана трансформација на крајбрежјето на Охридското Езеро;

– спроведување на сеопфатна оценка на кумулативното влијание на сите инфраструктурни и развојни планови и останати проекти врз исклучителните универзални вредности на наследството и доставување на истата до Центарот за светско наследство и советодавните тела.

Имајќи ги предвид сите законски прекршувања и можни кривични дела сторени од страна на институциите и „Дивелоп груп“ ДООЕЛ Скопје, бараме Државната комисија за спречување на корупцијата и Јавното обвинителство да ги испитаат сите наводи и да поведат соодветни постапки против сите вклучени лица.“, стои во отвореното писмо.

Македонија

Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;

– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;

– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер

Објавено пред

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Автокоманда денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:

dobivaj vesti na viber

· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа6 минути

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру

Британската влада ќе објави доверливи документи за назначувањето на поранешниот принц Ендру за трговски претставник, што е резултат на жестока...

Свет41 минута

(Видео) Во своето обраќање до нацијата, Трамп го спомена и убиството на Украинката: „Ќе обезбедиме правда“

Американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање пред Конгресот ја спомена 23-годишната Украинка Ирина Заруцка, која беше брутално убиена во...

Свет1 час

Трамп за Венецуела: Добивме 80 милиони барели нафта од нашиот нов партнер

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша Венецуела како „сојузник“ на САД во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник,...

Свет1 час

(Фото) Откриена најголемата колонија на корали во светот во близина на Австралија

Тим од мајка и ќерка, и двете граѓански научници ја откри најголемата позната корална колонија во светот покрај брегот на...

Свет2 часа

(Видео) Расте бројот на жртви по обилни дождови во Бразил

Бројот на жртви од обилните дождови што ја погодија југоисточната бразилска држава Минас Жераис се искачи на најмалку 25, а...

Свет2 часа

(Видео) Трамп: „Победуваме толку многу што веќе не знаеме што да правиме со тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи „златно доба“ за Америка во своето обраќање за состојбата на нацијата во вторник. „Нашата нација...

Македонија16 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија17 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ19 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија20 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија20 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија22 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа23 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија23 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија1 ден

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија1 ден

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет1 ден

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет1 ден

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа1 ден

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 ден

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...