Македонија
Активистите за утре најавуваат жив ѕид за одбрана на Водно

Активистите од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ најавија дека од утре ќе почнат со претходно најавената активност односно жив ѕид за одбрана на Водно. Од таму покануваат сите доброволци да се пријават преку нивната Фејсбук страница.
„Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела. Стоп за непромислени и лоши проекти! Се гледаме пред багери!“, порачаа тие.
Минатата недела на прес-конференција пред Владата активистите порачаа дека се за гасовод во Скопје, но не на Водно. Тие рекоа дека е лага е информацијата од Владата дека трасата е скратена и велат дека за изградба на гасоводот ќе се исече шума со површина како булеварот „Партизански одреди“ од Центар до Влае.
„Не е точно дека теренот ќе се врати во првобитна состојба затоа што мора да остане гол за пристап на возила. Не е точно и дека загадувањето во Скопје ќе се намали со изградбата на гасоводот“, изјави Андреа Јанков. Активистите од пред Владата побараа нова студија за влијанието на гасоводот врз животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Три хеликоптери го гасат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, извести ЦУК.
На пожарот дејствуваат и силите на БППЗ на Град Скопје со повеќе екипи и противпожарните возила, ЈКП од Општината, Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода, како и тимови со противпожарните возила на ДЗС.
ЦУК е во постојана комуникација и координација со сите надлежни институции на терен.
Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.