Македонија
Активисти бараат да се дозволи изнесување на домашните миленици за време на полицискиот час
Дваесет здруженија и активистички групи за заштита на животни од целата земја, од властите бараат да се регулира прашањето со шетањето на домашните миленици во текот на полицискиот час.
Во заедничкото обраќање до премиерот и министерот за здравство, здруженијата најпрво бараат дозвола за изнесување миленик во рамки на полициски час во радиус од 200 метери од живеалиштето, по примерот на сите европски земји каде што има воведено полициски час и ситуацијата со коронавирусот е регулирана на истиот начин.
Здруженијата објаснуваат дека во прашање е хуманиот третман на животните, а не каприц на сопствениците.
Покрај ова, се бара властите да овозможат дозвола за посета на дежурна ветеринарна служба во рамки на полицискиот час во случаи на животозагрозувачка состојба на миленик.
Велат дека треба да се разгледа и можноста за помош од трети лица за изнесување миленик кога сопствениците на миленици се недоволно подвижни, со цел да се сведе на минимум движењето на граѓаните во време на полициски час.
Во овој предлог на здруженијата се опфаќаат и лицата над 67 години кои се самостојни и подвижни, самите да имаат право да ги изнесуваат своите миленици во радиус од 200 метри од своето живеалиште задолжително со маска и со ракавици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

