Македонија
Активистот на СДС и директор од Радовиш, Александар Филев, овој пат во алкохолизирана состојба нападна полицајци, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Александар Филев, директор на меѓуопштинскиот центар за социјални работи, кој минатиот месец, во Штип беше фатен и приведен од полицијата, за недозволена трговија со дрога, повторно со нов испад, овој пат со напад на полицајци, во алкохолизирана состојба, во полициската станица во Радовиш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ .
„На 08.03.2024 година во 19:15 часот во ПС Радовиш, е приведено лицето Филев Александар, актуелен директор на ЦСР Радовиш, во врска со пријавен настан за нарушен јавен ред и мир, кој бил видно под дејство на алкохол и во ПС Радовиш, упатил закани, кон двајца полициски службеници, како и кон нивните фамилии и во 20:00 часот е лишен од слобода, за кривично дело, загрозување на сигурноста, по член 144, став 3 од КЗ“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Александар Филев е учесник и поддржувач на партиските активности на СДС, а како доказ за тоа, се многуте фотографии, на кој Филев е заедно со највисоките функционери на СДС, на социјалните мрежи.
„Ова ли се кадрите на СДС, со кои Македонија ќе ја внесува во ЕУ? Со помош на вакви кадри, СДС направи хаос во последните 7 години, каде Македонија ја направија бесправна и нефункционална држава. Народот ќе си ја врати државата на 8-ми мај, кој народ, со право во моментов мисли дека ја нема“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

