Македонија
Активни пет пожари во државата, шест се под контрола
Во текот на денешниот ден 09.09.2024 година, до 13:30 часот, имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 6 а изгаснат е еден пожар, соопшти ЦУК.
Активни се пет пожари:
1. Општина Прилеп 1: с.Волково (сува трева и ниска шума);
2. Општина Прилеп 2: с.Дуње (сува трева и ниска шума);
3. Општина Чашка: с.Степанци ( мешана шума)
4. Општина Зелениково: с.Горни Дејковец над гробиштата (мешана шума)
5. Општина Липково: с.Матејче (сува трева и ниска шума)
Под контрола се шест пожари :
1. Општина Прилеп 1: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
2. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);
3. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);
4. Општина Прилеп 4: с.Вепрчани (сува трева и шума);
5. Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума).
6. Општина Берово: место викано Паруца (ниска деградирана шума и сува трева)
Според ЦУК изгаснат е еден пожар:
1. Општина Прилеп: Во близина на Дата центар (сува трева)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

