Македонија
Активни пожари во Битолскиот, Струмичкиот, Кумановскиот и во Штипскиот Регион
Активни пожари има во Битолскиот, Струмичкиот, Кумановскиот и во Штипскиот Регион, соопштија од Центарот за управување со кризи.
Според објавата на нивната фејсбук-страница, состојбата со активни пожари до 8 часот денеска во Битолскиот Регион укажува на два активни пожара.
На територијата на ЕЛС Прилеп има 2 активни пожара на отворен простор, и тоа:
– во атарот на селата Дрен-Смолане, каде што гори сува трева и шума и е во близина на објекти;
– пожарот што почна на 2.8.2021 во 13.10 во атарот на с. Топлица се проширил во атарите на с. Ракле и с. Никодин. Гори сува трева, а во повисокиот дел и густа шума.
На двата пожара од раните утрински часови во гаснењето учествуваат 9 пожарникари со 4 ПП-возила и 28 припадници на АРМ и вработени во „Црн бор“ – Прилеп, велат од ЦУК.
Во Струмичкиот Регион, според информации од Центарот, утрово, на пожарот кај Погана се излезени 2 ПП-возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак, Валандово, 30 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово – 7, ЕВН со 7 вработени, 1 цистерна за вода и 1 теренско возило, од РЕК „Битола“ и здружение од Битола 9 луѓе, исто така се излезени 13 вработени од ПШС Кожув.
Пожар има и во с. Мургаш, каде гори сува трева и тој може да се прошири кон куќите. За пожарот се известени ТППЕ Куманово, ДЗС Куманово и Општина Куманово.
Во моментот активни пожари има во с. Довозенце, с. Горно Јачинце и с. Градиште, информациите се добиени од ТППЕ Куманово, чии екипи сѐ уште се на терен.
Во општина Кратово пожарот во с. Коњух е сѐ уште активен на непристапен терен. На терен се ТППЕ Кратово со 1 возило и 3 пожарникари и 4 четворица вработени од Шумското стопанство.
Во Штипскиот Регион, според информациите од ЦУК, пожарот на потегот с. Костин Дол – с. Ново Село од ноќеска е повторно активен. На терен се екипи од ТППЕ – Кочани, ШС Осогово, „Водостопанство“ и МЗШВ.
Пожарот кај Стар Истевник сѐ уште е активен. Од раните утрински часови на терен се распоредени екипи на АРСМ, ЦУК, ДЗС, НШ, ЈП, дел од екипата од Бугарија, како и месно население. Само од АРСМ има 200 луѓе. Противпожарна екипа од Кочани.
Инфромација од раководителот на РЦУК Делчево од самото место е дека на теренот се распоредени екипи на НШ, ГП, КП, АРСМ, во многу голем број месно население и доброволци. На теренот видливоста е многу намалена и има многу чад, што го отежнува гаснењето на пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

