Македонија
Акционери од „Топлификација“ бараат од Обвинителството да ја испита помошта за „Те-То“
Здружението за заштита на правата на акционерите во „Топлификација“ АД Скопје испрати допис до Владата и Обвинителството, каде што се поставени неколку прашања во врска со доделената државна помош на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „Те-То’ АД Скопје.
Акционерите прашуваат: „Што се случува со кривичната пријава за лажен стечај на ‘Те-То’ АД поднесена од Управата за финансиска полиција?; Дали е запознаено со основот за лажниот стечај на ‘Те-То’ АД Скопје?; Дали по допрен глас ќе почне истрага за скандалозната државна помош доделена на осомничена фирма?“
„Бидејќи се работи за многу сериозна проблематика, која е од интерес на јавноста зошто државата ангажира државни ресурси за покривање долг на осомничена приватна фирма, а непреземањето активности од страна на обвинителствата му овозможуваат прикривање на сторените кривични дела на друштвото, чиј сопственик е офшор-компанија, нанесувајќи им штета на македонски компании од над 40 милиони евра, сметаме дека има потреба од јавно објавување на прашањата поставени на Владата на РСМ и на главниот јавен обвинител на РСМ.
Во интерес на објективно и непристрасно информирање на јавноста очекуваме дописите со поставени прашања до Владата на РСМ и до јавниот обвинител на РСМ да бидат јавно објавени на вашите портали“, додаваат акционерите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево и студено, од сабота облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките населени места
Времето во текот на денот, претежно сончево и студено, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно ојужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“

