Македонија
Акција за чистење на општина Карпош
Општина Карпош се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на чистење – 15 Септември. Станува збор за глобална акција во која се вклучуваат милиони волонтери, граѓани и општествено одговорни субјекти од 150 земји. Оваа година локалната самоуправа ќе спроведе акција за темелно чистење на целата општина. Покрај комуналните служби, кон акцијата ќе се приклучат и општинската администрација, општинското раководство и членовите на Советот на Општина Карпош.
Општина Карпош ги повикува и сите граѓани, организации, компании и општествено одговорни субјекти да се приклучат кон оваа еколошка акцијата. На 15 септември, со почеток во 9 часот, сите заинтересирани граѓани ќе може да се приклучат на некои од следниве собирни места / пунктови:
Карпош 1 и Карпош 2 (собирно место кај Полициската станица Карпош, улица Иван Аговски;
Карпош 3 и Карпош 4 (зад „Скопје сити мол“ на улицата МАНАПО;
Влае 2 (кај спортските игралишта – до мостот „Обединети нации“;
Нерези (кај автобуската постојка на последна 57);
Тафталиџе 2 (кај основното училиште „Братство“, улица Московска бб);
Тафталиџе 1 (кај основното училиште „Јан Амос Коменски“, улица Варшавска бр. 23);
Козле (кај основното училиште „Владо Тасевски“, улица Миле Поп Јорданов бр. 74);
Платото кај „Млечен“ (кај кафе „Ли“);
Кеј на Вардар (на патеката под хотелот „Александар палас“).
Општина Карпош ќе обезбеди соодветна опрема за чистење за сите граѓани што ќе учествуваат во оваа акција (ракавици и кеси за отпад).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

