Македонија
Акција на ДОМ за ослободување на ,,заробените дрва”

Зелената партија ДОМ спроведе акција за ослободување на ,,заробените дрва“. Активистите од ДОМ ослободија 4 дрва од дрворедот Кеј 13 Ноември, покрај Вардар. Целта на акцијата е да се поттикнат надлежните институции да се интензивира ослободувањето на дрвата.
Од истите причини советникот во градот Скопје и потпретседател на ДОМ, Христа Најданов постави советничко прашање до каде е процесот на ослободување на заробените дрва. Одговорот од градот е дека досега се ослободени 20 дрва и се планира интензивирање на процесот во нарениот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче му ја честиташе победата на Еди Рама

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до Еди Рама и Социјалистичката партија на Албанија по повод победата на парламентарните избори.
„Искрени честитки до Еди Рама и нашата сестринска Социјалистичка партија на Албанија за убедливата изборна победа. Му посакувам успех во новиот, четврти мандат“, истакна Филипче.
Тој нагласи дека оваа победа е уште една потврда дека граѓаните силно ги поддржуваат социјалдемократските вредности и прогресивните политики.
„Убеден сум дека Албанија ќе продолжи по патот на напредокот, стабилноста и европска интеграција. Со Еди очекувам продолжување на одличната соработка меѓу нашите партии и зацврстување на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија“, наведува Филипче во честитката.
Македонија
„Влен“: Инвестираме во грижата и образованието на децата од градинките

„Како Влада на „Влен“, продолжуваме да придонесуваме за подобрување на условите за нашите граѓани. Како дел од инвестирањето во подобри образовни услови и инфраструктура во предучилишното образование, Владата на „Влен“ инвестира во изградба на градинки во Чаир и Сингелиќ. До 2028 година, се очекува да се создадат речиси 4.000 нови простори во градинките низ целата земја, преку изградба на 28 нови капацитети. Како што најави министерот Фатмир Лимани, досега се изградени капацитети што овозможуваат сместување на околу 1.500 деца, додека во изградба се уште 11 објекти што ќе обезбедат простор за уште над 1.100 деца“, велат од „Влен“.
„Оваа инвестиција е важен чекор кон пошироко вклучување на децата во образовниот систем од рана возраст, гарантирајќи подобар и порамноправен почеток за сите деца без етнички, социјални или регионални разлики. Современите дневни центри што се градат се опремени со современи и модерни стандарди, што обезбедува безбедна, топла и образовна средина за децата и нивниот развој. Оваа инвестиција од Владата која се грижи за граѓаните уште еднаш ја покажува важноста што се дава на инвестирањето во иднината на земјата преку квалитетно образование за нашите деца од предучилишна возраст.
Покрај директните придобивки за децата, преку обезбедување поквалитетно образование, овие проекти позитивно влијаат и на животот на нивните родители, кои ќе имаат повеќе можности за професионално ангажирање на своите работни места. Бидејќи грижата, безбедноста и образованието на децата ќе се одвиваат во дневните центри што се градат. Овој проект, исто така, го промовира локалниот развој, создава нови работни места и ја зајакнува заедницата.
Владата на „Влен“ останува посветена на создавање одржлива образовна инфраструктура што ќе им служи на сегашните и идните генерации!“, соопшти „Влен“.
Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.