Македонија
Алармантна состојбата со пожарот во атарот на село Будинарци, огнот неконтролирано се шири
Пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле нови жаришта, соопшти Центарот за управување со кризи.
Првата локација кај с. Разловци кај месноста викана „чокалица“. Пожарот е локализиран но екипите се суште на лице место.
Пожарот во атарот на с.Разловци потполно е ставен под контрола, останати се дел од ШС и АРМ. Останатите екипи се упатени на потег Будинарци -Митрашинци.
Другата локација е во атарот на с. Тработи и Нов Истевник над мeсноста викана Света Вода.
Пожарот е ставен под контрола, каде остануваат 4 вработени од ШС да се контролира и понатаму а останатите се повлечени и упатени на другата локација кај с. Разловци.
Локализиран е пожарот кај Нов Истевник.
Пожарот на територијата на Општина Пехчево е суште активен, истиот се проширува на територијата на Општина Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја на с. Будинарци. Се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.
Пожарот кој беснее во атарот на с. Будинарци од силниот ветер се шири кон атарот на с. Мирашинци каде гори борова шума.
Пожарот се шири без контрола, сите сили се распоредени поради лошиот терен интервенираат само со помалите цистерни.
ТППЕ- Штип во 12:00 часот, добиле дојава за пожар кој избувнал во атарот на с. Драгоево во Општина Штип каде гори сува трева смрека и нискостеблеста шума.
Има сознанија за ново жариште кај с. Богословец на територијата на Свети Николе.
Пожарот кај Раовиќ– Буковиќ се движи кон сртот, нема опасност за селата.
Гори мешана шума и е на доста непристапен терен. На место на пожарот нема ниту една екипа.
Во 15,45 часот остварен е контакт со одговорно лице од Ловиштето- Јасен кој пренел дека пожарот е до сртот, тие на лице место имаат 8 луѓе кои прават напор да се задржи огнот.
Побарана е помош, од воздух бидејки пожарот е на непристапен терен, гори мешана шума, смрека, висока трева.
Пожарот кај Катланово, односно Дивље и Крушје, поради интевенција од воздух, гасењето од земја било оневозможено. БППЗ на терен остана со 1 возило и 2 пожарникари, а екипата од ШС Караџица целосно се повлече.
Пожар под Преслап – Китка кон с. Црвена Вода и над с. Цветово, од м.в. Празни Торба кон селата Елово и Црн Врв.
Од ТППЕ Св. Николе известуваат дека во 11.30 часот има повторно задимување кај Богословски рид. Поради силниот ветер во внатрешноста на големата опожарена површина дими од недогорените дрвја и нема опасност од повторно активирање.
Во атарот на с.Светомитрани запалено е ѓубре и пожарот е проширен локално.
На лице место интервенира екипа на ТППЕ-Крушево со 1ПП возило и 2 пожарникари,1 припадник на МВР и 1 вработен во ЈП,,Липа“. Во моментот пожарот е локализиран но екипата останува на терен да ја контролира состојбата.
Во Прилепско во моментот има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:
-во атарот на селата Дрен- Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума.
Последна информација добиена од ТППЕ-Прилеп е дека пожарот е локализиран но екипите се сеуште на терен.
-Во 10:10 часот повторно е реактивиран пожарот кај с. Топлица покрај магистралниот пат Прилеп- Градско. Гори дабова и букова шума и сува трева, реактивираниот пожар се движи кон атарот на село Крстец.
Во моментов на горенаведената локација кај село Топлица дејствува авионот- Спартан од Романското воено воздухопловство.
Помал пожар во атарот на с. Романовце на опожарена сува трева.
Пожарот е локализиран, додаваат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

