Македонија
Албанските партии бараат прифаќање на Платформата за коалиција
По двочасовната средба на потпретседателите на Демократската унија за интеграција и Алијансата на Албанците, на која се очекуваше да се расправа и за наводниот пакет што СДСМ го испратил до нив за евентуална коалиција, сепак од таму само со штури информации и повторување на условот исполнување на сите точки од албанската платформа.
„Денешната средба е средба на работните групи на нашите партии, во духот на платформата за соработка на политичките партии на Албанците. Средбата беше консултативна и разговаравме за најважните точки кои ја приближуваат Македонија кон НАТО и ЕУ“, изјави Теута Арифи од ДУИ.
„Доста конструктивна средба помеѓу двете партии во којашто ги разгледавме сите точки на платформата, за нас како партија е важно да се реализираат сите точки без разлика кој ќе биде во комбинација за идната влада, значи да се имплементираат сите точки“, сподели Арбен Таравари од Движењето за реформи на ДПА.
И покрај најавите, лидерите на партиите Али Ахмети и Зијадин Села не се сретнаа.
Али Ахмети пред неколку дена најави дека нема да се брза во одлуката кого да избере за коалициски партнер од македонскиот блок, при што не ја исклучува можноста да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што СДСМ се надева на позитивен одговор од ДУИ.
Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, достави писмени гаранции за барањата од ДУИ, не се знае кога во Мала Речица ќе се изјаснат дали тоа е прифатливо. Јавноста не е запозната со содржината на писмото што е испратено и дали тоа значи дека СДСМ целосно ја прифаќа платформата која на почетокот на јануари ја објавија албанските партии како услов за коалицирање во владата.
„Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ги рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност“, пишува во албанската платформа.
Откако Никола Груевски не успеа за состави влада во законски предвидениот рок откако му беше доделен мандатот, сите лидери на парламентарни партии беа на средба кај Претседателот Ѓорге Иванов, кој пак за да го додели мандатот повторно побара да му се достави список со потписи на најмалку 61 пратеник, или просто парламентарно мнозинство. Од тогаш никој не успеа да го обезбеди тоа, иако Зоран Заев очекува мандатот да му го додели него и во јавноста се проширија информации дека има и повеќе од потребните потписи.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека најголем дел од разговорите со ДУИ биле посветени на прашањето за двојазичноста.
„Се бараше двојазичност на целата територија на Република Македонија, изедначување на македонскиот и албанскиот јазик. Ние им го кажавме нашиот став, дека тоа не треба да се прифати и дека е нелогично да има двојазичност на целата територија во држава во која Македонци има 65, а Албанци 25 отсто“, рече Груевски.
Дали во писмото од СДСМ до ДУИ се прифаќа двојазичност на целата територија на Македонија или не судат други комбинаторики, останува да видиме.
Македонија останува без влада во наредниот период, а поради неизвесната состојба по тоа прашање не се исклучува можноста од одржување нови предвремени парламентарни избори, овојпат заедно со локалните, што треба да се одржат напролет./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) ЛДП ја поздравува одлуката на ЕК за почеток на преговори за укинување на роамингот за Западен Балкан
Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува предлоготот на Европската комисија за почеток на преговорите за интеграција во режимот на бесплатен роаминг во ЕУ, односно укинување на роаминг трошоците за земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија.
Со воведување на бесплатниот роаминг помеѓу корисниците од ЕУ и Западен Балкан ќе се олеснува комуникацијата и значително ќе се намалат телефонските сметки на милиони корисници.
„Уште од 2021 година ЛДП ја започна оваа иницијатива, за во 2025 година на состанокот на Советот на групацијата АЛДЕ во Хелсинки, биде усвоена резолуцијата на ЛДП за вклучување на земјите од Западен Балкан во европскиот режим Роаминг како дома (Roam Like At Home – RLAH)“, вели во изјава за медиумите членката на ЛДП, Тамара Гарческа.
Гарческа додава дека резолуцијата предвидува целосно интегрирање на Македонија и соседните држави најдоцна до 2030 година и тоа да биде исклучиво по мерит систем, односно вреднувано по постигнатиот реформски напредок.
„По интеграцијата на Украина и Молдавија во системот на бесплатен роаминг, повеќе нема простор за оправдувања зошто и земјите од Западен Балкан да не бидат вклучени. ЛДП отсекогаш била чекор пред времето со храбри и оригинални идеи како оваа, сме работеле исклучиво во интерес на граѓаните и горди сме што години заложби и лобирање на нашите иницијативи, денес се слушаат погласно и се на чекор до финално реализирање“, завршува Гарческа во својата изјава.
Македонија
По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит
Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март, од денеска, 2 март 2026 година, почнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.
Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, дека во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12.
Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот и им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се: мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.
Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, нагласуваат од ОВР Кочани.
Фото: ЕПА
Македонија
Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска
Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот, соопштија од партијата.
„Имено, Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен и имот на членовите на семејството – иако била должна, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство. Јасно е дека се работи за свесно и намерно прикривање на имот, ако се има предвид фактот дека компаниите кои не ги пријавила Ристовска добиле 2 милиони денари од касата на ДПМНЕ, очигледно како награда за непостапувањето на Ристовска против нивните функционери“, велат од Левица.
Според партијата, оваа теза дополнително ја потврдува фактот што поранешната антикорупционерка го пријавила останатиот имот на своите деца во анкетниот лист, но, како што велат од Левица, свесно и намерно, ја изоставила фирмата која постои уште од 2020 година.
„Цвета Ристовска стана симбол на корупција во институцијата која треба да се бори против високата корупција. Таа беше директна инсталација на владејачката партија, која амнестираше два високи функционери од партијата на власт – Бојан Христовски и Ивица Томовски. Само оставка од позицијата антикорупционер не е доволна. За свесното прикривање имот одговорност за Цвета Ристовска мора да има. Ревизија на сите предмети кои ги работела компромитираната антикорупционерка мора да има за да се стави крај на штитењето на корупцијата на највисоките ешалони на власта“, велат од Левица.

