Македонија
Алиу во Гостивар: Нова сала за ортопедија и трауматологија во болницата, првите операции заедно со тимот од Клиниката за ТОАРИЛУЦ
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Општата болница во Гостивар.
– Извршено е рановирање на Ургентниот центар, инвестиција во вредност од 4 милиони денари. Првпат Гостивар добива хируршка сала за ортопедија и трауматологија и оваа новина е многу значајна за жителите на Гостивар и околината, имајќи предвид дека повеќе нема да има потреба да патуваат до Скопје за вакви интервенции. Новата сала е комплетно опремена со најсофистицирана апаратура во вредност над 9 милиони денари. По тој повод, денеска сме тука заедно со д-р Игор Мерџаноски од Клиниката за ТОАРИЛУЦ. За денеска се закажани првите 5 операции во новата сала кои се вршат во соработка со тимот од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, а покрај од Гостивар веќе се закажани за операција и пациенти од други градови, истакна Алиу.
Во болницата во Гостивар, како што информираат од министерството, во тек е постапката за вработување 37 лица од медицински и немедицински кадар, која ќе продолжи веднаш по изборите, а вработени се и 28 специјализанти од различни области.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

