Македонија
„Алијансата за Албанците“: Правиме политички напори за случајот со Алмир да има праведен судски епилог

„Алијансата за Албанците“ ги прави сите политички напори случајот со малиот Алмир да има коректен и праведен судски епилог и убиецот на Алмир да ја добие заслужената казна, велат од таму.
Од партијата додаваат дека безрезервно го поддржуваат протестот „Правда за Алмир“ и во исто време ги повикуваат активистите и сите граѓани да станат дел од овој мирен и цивилизиран протест.
„Разочарани сме и длабоко огорчени поради одлуката на Јавното обвинителство да го преквалификува случајот со малиот Алмир Алиу од убиство со предумисла во сообраќајна незгода. Оваа неправда не само што ја задушува надежта за реформирање на правниот систем туку ни појаснува дека судовите и Обвинителството се селективни, неправедни и политички“, велат од „Алијансата за Албанците“.
Граѓанската иницијатива „Правда за Алмир – Drejtësi për Alimirin” утре, 21 март, ќе одржи протест ред Владата. Тие протестираат поради преквалификација на делото во случајот за малиот Алмир од Куманово, којшто беше прегазен во јули 2016. Осомничениот Бобан Илиќ по преквалификација на делото минатата недела беше ослободен од притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Владата ги остави граѓаните сами против пожарите, импровизацијата на Мицкоски скапо ја чини Македонија“, вели СДСМ

„Владата повторно ги остави граѓаните сами да се борат со пожарите, гледаме катастрофална неподготвеност на институциите. Само еден ден откако завршија со ПР и сликање со импровизираните хермелини, реалноста им се удри од глава на Мицкоски и Ангелов. Минатата година изгореа речиси 10% од територијата на државата и тогаш СДСМ им беше крив за пожарите иакко додека СДСМ беше на власт за седум години изгоре помалку шума тколку за една година на ДПМНЕ. Ветуваа дека ова лето „ќе бидат подготвени“, а денес ја гледаме истата неспособност, истата незаинтересираност и истата импровизација“, соопшти СДСМ.
„Цела година имаа да набават опрема, да вработат пожарникари и да го подготват системот. Наместо тоа, Владата ниту набави нови возила, ниту ги сервисираше постојните, ниту навреме обезбеди кадар. Наместо модерни возила, сега ги адаптираат старите армиски хермелини кои не можат ниту да пристапат на тежок терен. Само лани владата набавила возила за функционерите и администрацијата од неколку милиони евра. Наместо да вработат обучени пожарникари со достоинствени плати, дури сега, во средина на летото, нудат сезонска работа за 24.000 денари, импровизација која може да биде и опасна за луѓето.
Владата имаше пари за службени возила за администрацијата, за советници со плати од 100.000 денари, ама за противпожарните бригади не. Оваа неспособност има цена што сите ја плаќаме, горат шуми, се уништува имот и загрозени се животи. Го прашуваме Мицкоски, кој е крив оваа година за пожарите, повторно ли е СДСМ?“, прашува опозициската партија преку своето соопштение.
Македонија
Пожар во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, не е загрозена безбедноста на пациентите и вработените

Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола, избил пожар како резултат на запалена сува трева.
Како што извести Министерството, пожарот веднаш бил пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено интервенирале и бил локализиран во најкраток можен рок.
„Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено.
Интервенцијата траеше кратко и беше целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки“, соопшти МЗ.
Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 10.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улицата Мијачка, општина Ѓорче Петров.