Македонија
Алијансата за Албанците: Во Струга главен проблем не се платформите, туку целосното бетонирање на крајбрежјето
Од Алијансата за Албанците реагираат на денешните активности за уривање шест постојни платформи лоцирани на брегот на Охридското Езеро во Струга. Тие ги обвинија локалните власти во Струга дека без срам излегле да се пофалат со својот криминал и да ги измамат граѓаните. Според нив, во Струга главен проблем не се шесте платформи во езерото, туку целосното бетонирање на крајбрежјето.
„Секретарот на Општина Струга пред неколку дена призна дека во заштитниот појас околу езерото има 65 дивоградби, а корумпираниот градоначалник изјави дека нема ниту една дивоградба. Последните недели има најмалку 3 кривични пријави за дивоградби изградени во последните три години во кејот на езерото од луѓе блиски на Рамиз Мерко и неговата партија. Денешната акција е една медиумска фарса во стилот на Артан Груби.
Од Алијансата за Албанците бараат одговорност за палењето трска околу кејот предизвикувајќи еколошка катастрофа, непоправлива штета на флората и фауната.
„Денес, Мерко призна дека веќе четири години немал план за развој на туризмот за младите и за жителите на Струга најавувајќи дека на крајот на мандатот ќе бара од Владата и од УНЕСКО да има дадат план. Денешната фарса за отстранување на платформата е нешто познато за ДУИ. Тие секогаш неколку месеци пред изборите глумат решавање на проблемите камуфлирајќи и покривајќи ги проблемите. Се обидуваат да се прикажат дека чистат депонии обидувајќи се да ги маскираат нивните злосторства, со цел да останат на функција и да се вратат во старите методи на управување, со криминал, хаос, диви депонии, корупција и лошо менаџирање. Жителите на Струга не може ниту да ги измамите ниту да има ја потцените нивната интелигенција“, додаваат од опозициската партија.
Тие порачаа дека на стружани веќе им е јасна разликата на управување со општината од Алијансата за Албанците и ДУИ. Според нив, во октомври нема да помогне, како што велат, ниту тендер ниту кражбата на гласовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денес локални врнежи од дожд и снег на планините
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Од УХМР информираат дека под влијание на циклонска активност, во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.

