Македонија
Алијансата за Албанците: Во тетовската болница се примени лекари што воопшто не учествувале на огласот
Во Клиничката болница во Тетово, по завршувањето на тестирањето, објавени се резултатите и утредента тие, едноставно, исчезнуваат и место нив, се објавуваат нови резултати, каде што се елиминирани првичните кандидати што ги исполнувале условите за прием и наместо нив, ставени се кандидати што не го поминале бодовниот лимит или воопшто не учествувале на огласот, тврдат од Алијансата за Албанците.
„Како пример за неправедност е случајот на колешката Вјоса Илјази од Тетово, која беше второрангирана со 74,80 бода, но е елиминирана од страна на комисијата на Клиничката болница во Тетово, без да ѝ биде дадено конкретно образложение, што е преседан и неприфатливо за ‘граѓанско’ и ‘демокрастко’ друштво“, велат од Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците.
Од таму велат дека во Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје примени се тројца лекари и три медицински сестри, од кои ниту еден Албанец и покрај фактот, како што велат од Алијансата за Албанците, имало кандидат што ги исполнувал условите, а Клиниката нема вработен ниеден лекар Албанец.
„Комисијата за здравство при Алијансата за Албанците на колегите што ги исполниле условите за прием им честита и им посакува успешна работа и понатамошни успеси, а на раководствата на сите болници опфатени со овој скандал им апелираме и им бараме да спроведат ревизија на овие нерегуларности и да ги отвараат вратите за најдобрите почитувајќи ја нивната професионална подготвеност, а не блискоста со политичките партии кои дел од власта, бидејќи ова е спротивно на заложбите за деполитизирано здравство, особено во кадровската политика, со што во голема мера ќе ја намалиме миграцијата во блиска иднина, а зошто да не, и да ги вратиме нашите лекари во нашите болници, каде што им е местото“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

