Македонија
Алијанса за Албанците: Децата веќе 44 дена без учебници, МОН го уништува образованието
„Овде сме, пред Министерството за образование, кое всушност треба да се вика Министерство за уништување, за да бараме отчет за книгите што недостигаат од училиштето од 1 септември до денес, 14 октомври. Замислете! 44 дена откако децата одат на училиште, а книги нема!
Ситуацијата во училниците е хаотична! Вознемирени наставници кои трчаат со листови од фотокопирница до фотокопирница, некои фотокопирани учебници кои тежат колку што е забрането со закон децата да носат, лошо преведени текстови, немање вистинска настава…а што е со децата?! Учениците?! Наставниците се жалат дека е зголемено насилството во училиштата! Зголемена е злоупотребата на дрога од страна на малолетници! Скандалозни видеа снимени од децата! И нормално е дека во анксиозно училиште, со празни чанти, има повеќе шанси да има мобилни, ножеви, цигари, а неретко и дрога!“ реагираат од Алијанса за Албанците.
„Се појавува министерот и ни вели дека книгите, внимавајте, дел од книгите ќе излезат на крајот на октомври или почетокот на ноември, како да зборува за рок-концерт или временска прогноза! Исто како гатачи кои гледаат филџани, министерот зборува за образовните науки!
Не, господине министер, филџан за кафе не е училиштето на нашите деца! Го правите најголемото злосторство што можете да му го направите на едно општество во време на мир!“, посочува Арбен Зеќири, портпарол на партијата.
Зеќири со порака до министерот за образование дека секој час, секој ден и секој месец е негов придонес и на неговото министерство за, како што вели, незнаењето на децата!
„Министерот со жалење ни вели дека проблемот со учебниците е стар. Да! Знаеме! Но, потсетуваме дека има постојани избори токму за решавање на старите проблеми! Вие, господине министре, веројатно не сте причина за овие проблеми, но сигурно сте еден од оние кои го продлабочуваат проблемот! Платата ја земате од даноците на народот, а народот не сака некаков цицерон облечен во костум кој кажува колку е стар проблемот со книгите!!!
Потребен е министер кој платата и функцијата ги оправдува со обезбедување квалитетни и навремени учебници!
Вина и понижување кон децата е да се молчи пред овој скандал што се случува пред нашите очи!
Предупредуваме дека ќе ве погоди и вас незнаењето што го садите во училишните клупи!
Идниот лекар ќе биде половичен бидејќи веќе е 44 дена без учебници! Идниот архитект ќе биде половичен бидејќи за да ја заврши програмата навреме, министерството му наредило на неговиот наставник да ја помине иако без книги, а тоа е без знаење!
Јазиците на оваа земја ќе се зборуваат и учат лошо бидејќи квалитетот на книгите е лош, а под квалитет не мислиме на убавината на бојата на хартијата туку на содржината на текстот!
Со недостиг на книги практично ги затворивте училиштата господине министер, а велат кој затвора училиште – отвора затворска врата!
Училиштата за кои особено ние Албанците толку се боревме се нивно апсолутно право и ниту имате право ниту можете да го негирате!
Од министерството ги имаме следниве опции:
1. Учебници полни со грешки
2. Половни учебници
3. Фотокопирани листови
4. Воопшто нема учебници
Сега му ги даваме овие опции на министерот:
1. Печатете соодветни учебници
2. Печатете што е можно поскоро
3. Со среќа работата
4. Или имајте добар одмор и нека дојде некој што сака и знае да ја работи оваа работа
Ви благодариме што сте тука! АА нема да молчи додека не се реши работата на образованието и ги поканува сите фактори на општеството, останатите други партии, организации, амбасади, медиуми од секое ниво, да се обединат додека да добиеме добри учебници за нашите деца!“, се истакнува од страна на Алијанса за Албанците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

