Македонија
Алијансата за Албанците: Отворена дискриминација кон албанските образовни институции
Нашите деца заслужуваат праведен, инклузивен образовен систем со еднакви можности за сите, без оглед на етничката, јазичната или институционалната припадност. За жал, она што го гледаме денес е систематска дискриминација кон албанските образовни институции и намерно исклучување од проекти, фондови и стратешки развој на образованието во државата.Отворена дискриминација кон албанските универзитети и училишта, велат од Алијанса за Албанците.
„Во конкурсот за финансирање на научноистражувачки проекти од посебен научен и општествен интерес за 2025 година (вкупен буџет од 30,4 милиони денари), само еден проект му е доделен на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, со износ од само 2,9 милиони денари.
Во рамки на реализацијата на инфраструктурни проекти со општините (вкупно 135 милиони денари):
Финансирани се само објекти во општини со мнозинско македонско население: Кисела Вода, Битола и Валандово. Со децении, наместо сериозно планирање, нашиот образовен систем прифаќаше брзи реформи кои се менуваат со секоја владејачка гарнитура , без никаква претходна анализа, научни докази, пилот тестирање и соодветна и континуирана обука за наставниот кадар.
Овие реформи се дизајнираат во канцеларија, без вклучување на експертите на терен, и затоа остануваат неприменливи или се спроведуваат делумно, оставајќи ги наставниците и учениците без јасна насока и поддршка“, велат од оваа партија.
Алијансата за Албанците бара правично финансирање за сите универзитети и јавни училишта, без етничка дискриминација, преглед на образовните реформи со активно вклучување на академската заедница на Албанците и сите заедници. Формирање на независна комисија за проценка на употребата на вештачка интелигенција во образованието.
„Образованието е темелот на нашето општество. Не можеме да градиме иднина на скапани темели. Време е за правда, одговорност и образование што им служи на сите граѓани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

