Македонија
Алијанса за Албанците: ФЗОМ во четири очи ги зголемил цените на кардиохируршките операции
Алијансата за Албанците тврди дека од сигурни извори дознале дека Фондот за здравство во четири очи ги зголемил референтните цени на кардиохируршките операции за 15-30%, со оправдување дека овој потег е како резултат на „кумулативната инфлација“, односно зголемување на цените на потрошниот материјал за кардиохируршките интервенции во светски рамки.
„Сето ова може и да биде точно и логично, но растот на овие цени два пати за една година ни дава право да се сомневаме дека се работи за нов скандал ако ги споредуваме замрзнатите цени на другите интервенции во текот на неколку децении и обезбедување на големи средства за овие операции кои се прават само во приватните болници ‘Аџибадем’ (6,5 милиони) и ‘Жан Митрев’ (9,1 милиони евра) за 2018 година. Исто така, треба да се сфати дека цената на овие интервенции го достигна истото ниво или го поминале во споредба со болниците во регионот, како што се Бугарија, Србија, Турција итн. каде што животниот стандард е поголем од оној на Северна Македонија“, велат од Алијансазата за Албанците.
Комисијата за здравство на Алијансата за Албанците бара итно, како што велат, скандалот да се предаде во обвинителството.
„Но зошто и Фондот да не биде опфатен и од метлата на Заев, додека Министерството за здравство да објасни до каде е проектот на државна кардиохирургија и зошто се инвестираат толку големи средства во приватните болници, а не на формирање на кадар и обезбедување на оптимална инфраструктура за државната кардиохирургијав. Исто така прашуваме кога ќе бидат претставени првите резултати и костбенефитот на миграцијата на педијатриската кардиохирургија од јавното здравство во приватното во рамките на и така не добро дефинираниот проект на јавно-приватното партнерство“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.