Македонија
Али Ахмети од Охрид: Мирот и стабилноста се гласаат на 30 септември, исто така и иднината
Демократската Унија за Интеграција одржа средба со граѓаните во Охрид каде во рамките на кампањата за референдумот ги запозна граѓаните во врска со причината зошто на 30 септември треба да се гласа ЗА Македонија во НАТО.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети рече дека 30 септември е историски момент кој ги соединува сите граѓани на Република Македонија.
“Сите го сакаат мирот, а на 30 септември се гласа за мир, сите ја сакаат иднината, а на 30 септември се гласа за иднината, сите ја сакаат стабилноста и затоа на 30 септември треба да се гласа за стабилноста не само тука, кај нас, но и во регионот. Нема безбедна Европа без мирен Балкан. Мирот и стабилноста се гласаат на 30 септември, исто така и иднината. Затоа, треба сите да комуницирате со вашите сограѓани од сите заедници за да не се двоумат и воздржат, туку на 30 септември да гласаат за Европска Македонија”, рече претседателот на ДУИ, Ахмети.
Во Охрид заедно со претседателот на ДУИ присуствуваа и пратеникот Агим Шакири и заменик министерот за здравство, Асим Муса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Македонија
Одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар
Во акциска контрола за сузбивање на нелегална продажба на пиротехника се одземени 7.107 парчиња пиротехнички средства на скопски Бит Пазар, следува соодветна пријава, соопшти МВР.
Денеска (08.12.2025) полициски службеници, на влезот на Бит Пазар, пронајдоа 7.107 парчиња пиротехнички средства, кои биле поставени на три импровизирани тезги.
Пиротехничките средства се одземени и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата кои ги продавале, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
„И во наредниот период МВР ќе продолжи со преземање на мерки и активности за спречување на нелегалната трговија со пиротехника. Апелираме до граѓаните доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства, да пријават во полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192“, се наведува во соопштението.
Македонија
Гужви на границите, Богородица и Меџитлија се блокирани за влез и за излез
Од 11:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е блокиран за влез и излез. На ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

