Македонија
Алтернатива: Србија станува опасна за секој Албанец, а Македонија е нејзин полигон
Србија станува опасна земја за секој Албанец кој патува низ таа држава, се вели во денешното соопштение на Алтернатива, по објавата дека албанско семејство од Гостивар било малтретирано во Србија, бидејќи еден од патниците во возилото имал албански етнички симбол на својата маица
Партијата бара официјални информации од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија какви дипломатски мерки има преземено или ќе преземе Северна Македонија против ова кршење на меѓудржавните односи од Србија наспроти Северна Македонија.
„Притоа, не можеме а да не заклучиме дека ваквото албанофобично однесување на Србија кон Албанците, овој пат граѓани на Северна Македонија, покажува дека ништо не се променило во Белград од времето на Милошевиќ и дека соништата на Ковачевски и Али Ахмети за „Отворен Балкан“ Вучиќ ги превртува кога сака и како сака. Дополнително, индикативно е дека овој чин се совпаѓа и со кампањата на Владата на Северна Македонија што се прави против албанските етнички симболи, што се појавија пред неколку дена на еден митинг во Тетово. Всушност, најголемата грижа е што Северна Македонија, со оваа Влада, станува полигон на Србија“, пишуваат од Алтернатива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

