Македонија
Амбасадата на САД му ја честита победата на Пендаровски
Амбасадата на САД упати честитки за победата на Стево Пендаровски на претседателските избори. Оттаму им честитаат и на граѓаните кои го искористија нивното гласачко право, а истовремено од амбасадата ги поздравуваат и прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР кои оценија изборите биле компетитивни и демократски.
„Му честитаме на Стево Пендаровски за неговата победа на изборите и очекуваме да работиме заедно со него и со владата и сите политички партии на патот на земјата кон идно членство во НАТО и ЕУ. Го поздравуваме прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека изборите биле компетитивни и дека преку почитување на фундаменталните слободи се овозможил демократски процес“, велат од амбасадата.
Додаваат дека заклучоците на набљудувачите се совпаѓаат и со заклучокот на тимовите на Амбасадата на САД, кои ги набљудувале двата изборни круга.
„Доколку има забелешки за какви било нерегуларности, ги охрабруваме граѓаните, претставниците на граѓанските организации, медиумите, без разлика на политичката припадност, да ги пријават“, порачуваат од Амбасадата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

