Македонија
Амбасадорите на САД во регионот на советување со Палмер во Скопје
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вечерва приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа кои, под раководство на заменикот помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржуваат советување во Скопје.
Во обраќањето пред амбасадорите на САД во Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, високите претставници на Стејт Депертментот и претставници на Министерство за надворешни работи, министерот Димитров изрази задоволство од изборот на нашиот главен град за место на одржување на регионално советување на американските амбасадори.
„Дојдовте во интересно време. Благодарни сме што споделуваме заедничка визија за регионот. Завршивме голема работа, направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот”, рекол Димитров, соопшти МНР.
Тој додал дека ова е дополнителна потврда и за цврстото и продлабочено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, додавајќи дека регионалното советување на амбасадорите на САД во Скопје претставува можност и за продлабочена размена на мислења со земјата домаќин за значајни прашања од заеднички интерес.
Димитров се заблагодарил и за неодамнешната ратификација на пристапниот протокол за НАТО во американскиот Сенат, а ја потенцирал и важноста на Стејт Департментот во профилирањето на американската политика на продлабочена соработка и стратешко партнерство со Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

