Македонија
(Видео) Амди се налути: Не можам да дојдам до збор, треба ли да се избришам од пратеник

Пратеникот Амди Бајрам им се налути на колегите во Собранието бидејќи, како што тврди, две седници по ред не можел да постави прашање на седниците предвидени за пратенички прашања.
Обвини дека го дискриминираат затоа што е Ром и праша дали требало да даде оставка од пратеник.
„Ова не е фер што го правите. И јас сум пратеник, народот ме избрал или јас не сум важен зашто сум Ром? Сите ве почитувам, па дај бидете хуманитарни. Покажете се и дајте ми да дојдам на ред. Две седници не можам да поставам прашање од моите Роми за случувањата во Шуто Оризари. Како да не постојам, тогаш ајде ќе се избришам од пратеник и готово“, рече разочараниот Бајрам на седницата за пратенички прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.