Македонија
Американскиот универзитет на Европа – ФОН станува дел од елитата на универзитети за сајбер-безбедност
Американскиот универзитет на Европа – ФОН во соработка со ThriveDX отвораат Академијата за сајбер безбедност која што ќе биде регионален центар за обука на професоналци областа на сајбер безбедноста. Академијата за сајбер безбедност при АУЕ – ФОН ќе креира кадри кои ќе се стекнат со компетенции и дигитални вештини за заштита, безбедност и начини за справување со заканите во интернет просторот, како еден од најголемите предизвици на денешницата.
Американскиот универзитет на Европа – ФОН станува дел од елитата, односно од листата на светски универзитети како што е State University of New York oд САД, кои што ги следат технолошките трендови и со ThriveDX отвораат Академија за обука на професионалци кои ќе бидат подготвени за превенција и решавање на опасностите во дигиталниот свет, со цел да обезбедат заштита на податоците на компаниите и нивните корисници.
Во рамки на Академијата за сајбер безбедност која стартува од октомври, заинтересираните ќе можат да следат програма за почетници Cyber Bootcamp – FROM 0 TO HERO кои немаат никакво претходно познавање, како и обука за ИТ професионалци со претходно работно искуство од областа на сајбер безбедност.
Програмата за почетници е адаптирана на слични курсеви од израелско воено разузнавање и фокусот повеќе е ставен на практичната работа и пракса, отколку на теоријата, додека обуката за ИТ професионалците е дизајнирана да ги подготви поединците за транзиција во нова и возбудлива кариера во сајбер безбедноста, како многу барана и профитабилна професија.
По завршувањето на Академијата за сајбер безбедност, апликантите се стекнуваат со меѓународно признат сертификат, како гаранција за сигурно вработување на различни работни позиции од областа на сајбер безбедноста. Предвидено е програмите да се реализираат преку платформа за е-учење.
Отворањето на регионалната Академија за сајбер безбедност на АУЕ – ФОН заедно со ThriveDX произлегува од зголемената потреба на креирање на професионални кадри за сајбер безбедност како резултат на сè почестите закани, опасности и напади во дигиталниот свет. Со порастот на сајбер криминалот, потребата од професионалци за сајбер безбедност станува критична на светско ниво. Според последните статистики, стапката на невработеност во сајбер безбедноста е 0%, а растот на работните места се предвидува да порасне за 350% во следните неколку години.
Оттука, АУЕ – ФОН со отворањето на Академијата за сајбер безбедност им овозможува на заинтересираните да се стекнат со знаења и вештини кои се дизајнирани за заштита на мрежите, уредите, програмите и податоците од недозволен пристап и напади кои секојдневно се случуваат во интернет просторот, а меѓународно признатиот сертификат обезбедува сигурна и загарантирана кариера на секој професионалец од областа на сајбер безбедност.
Глобалната компанија ThriveDX има свои центри за обука од областа на сајбер безбедноста на голем број светски универзитети како што се: State University of New York, University of Miami, New Jersey Institute of Technology, North Carolina State University, Kansas State University, University at Buffalo, Molloy University, College of Eastern Idaho, Grand View University и други.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сали-Варнс: нагласена посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.
На средбата беше истакната важноста на стратешкото партнерство меѓу земјата и Соединетите Американски Држави, како и континуираната американска поддршка за демократските и развојните процеси.
Соговорниците разговараа за клучната улога на регионалната стабилност како предуслов за мир и одржлив развој.
Сали ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведување реформи во јавната администрација и во судскиот систем, оценувајќи ги овие чекори како суштински за зајакнување на владеењето на правото, зголемување на транспарентноста и подобрување на услугите за граѓаните.
Двете страни ја реафирмираа подготвеноста за понатамошно продлабочување на билатералната соработка.
Македонија
Нова градска плажа, се реконструираат спортските терени, кејот на Вардар добива нов лик, најави Ѓорѓиевски
Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерации, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Тој информира дека со засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбани јадра на Скопје.
„Кејот е меѓу моите клучни приоритети и уште од првите денови по преземањето на функцијата градоначалник, започнавме со темелно чистење, со што конечно Вардар повторно тече по своето природно и нормално корито.
Денес, кејот го уредуваме со јасна визија за функционален и жив јавен простор.
Се реконструираат спортските терени за фудбал, одбојка на песок и баскет, се поставува нова урбана опрема и се создаваат модерни фитнес-зони на отворено. Во рамки на овој проект опфатени се и спортските терени во Маџир Маало, кои целосно ќе се унапредат и ќе се вратат во служба на заедницата.
На ова место градиме и современа градска плажа – безбедно, уредено и достапно катче за одмор, рекреација и дружење, кое ќе внесе нова енергија и живот покрај реката и ќе го доближи Скопје до европските урбани стандарди.
Инвестирањето во спортот е инвестирање во здрави навики, здрави млади и силно општество.
Искрена благодарност до министерот за спорт, Борко Ристовски, за поддршката и партнерскиот пристап, кои овозможуваат ваквите проекти да се реализираат брзо, квалитетно и во интерес на граѓаните.
Ова, почитувани, е само почеток.
Нашата визија е да создадеме современи, уредени и достапни спортски терени во сите општини на Град Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.
Најавува како што вели, рамномерен развој, еднакви можности и активен, здрав живот за секој скопјанец, без разлика каде живее.
Македонија
Утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините снег, од следната недела заладување
Времето утре, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

