Македонија
Американскиот универзитет на Европа – ФОН му додели титула Doctor honoris causa на европратеникот Илхан Ќучук
Американскиот универзитет на Европа – ФОН, денеска, на свечена церемонија му додели титула почесен доктор или Doctor Honoris Causa на г. Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија. На свеченоста по повод доделувањето на титулата почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук присуствуваа многубројни гости, министри, амбасадори и претставници од државниот врв, меѓу кои и премиерот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министерката за одбрана, Славјанка Петрова, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Бујар Османи, министер за надворешни работи, како и поранешниот премиер Зоран Заев.
Косопственикот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, м-р Сефер Цаноски, пред присутните гости, честитајќи му ја титулата почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук, истакна дека ова признание му се доделува на млад човек кој со својот потенцијал секојдневно ги покажува европските вредности. Според Цаноски, Ќучук е пример како треба да се размислува колективно за доброто на сите.
„Емпатијата, работата и секојдневниот труд што го вложува во својата кариера, поттикната со искреност, отвореност, дури во едно тешко време на предизвици, покажува дека се вистински вредности, кои секогаш излегуваат на површина“, истакна во своето обраќање сопственикот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, м-р Сефер Цаноски.
![]()
Претседателот на Сенатот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Насер Етеми, во своето образложение пред присутните гости образложи дека титулата почесен доктор му се доделува на европратеникот Ќучук за неговиот придонес во развојот на научната мисла, културата и високото образование, како и за помошта во процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.
„Како европратеник, г. Ќучук има значаен придонес за промоција на АУЕ – ФОН во европски рамки. На негова иницијатива во јануари 2022 година на нашиот универзитет се одржа првата конференција ‘Граѓански придонес во градење доверба, заедништво и сојузништво’, со цел преку граѓанска иницијатива и преку серија конференции за соработка во областа на образованието, културата и младите да се надминат разликите и да се приближат двата народа и држави. Со негова поддршка АУЕ – ФОН и наставниот кадар се етаблираа и остварија значајни меѓународни соработки, особено со универзитетите од соседна Бугарија. Илхан Ќучук е продуктивна, почитувана и влијателна личност, која со своите активности не само што значително помага во процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ туку помага за интернационализацијата и европеизацијата и развојот на македонската академска и граѓанска заедница“, изјави претседателот на Сенатот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Насер Етеми.
![]()
Изразувајќи благодарност до Американскиот универзитет на Европа – ФОН и до сопственикот Сефер Цаноски за честа да му биде доделена титулата Doctor Honoris Causа, Илхан Ќучук истакна дека тоа е признание не само за него како политичар и граѓанин туку и за партиите од либералното семејство, кои ги застапува и за кои образованието е највисока вредност во современиот свет.
„Образованието му дава напредок и развој на секое општество. Образованието е средство за зближување на луѓето, за поврзување на општествата. Образованието ја дава визијата на една земја. И иновативното, модерно и квалитетно образование од светска класа ,што Американскиот универзитет на Европа – ФОН го нуди на своите дипломци е гаранција дека Република Северна Македонија самоуверено го следи патот на вредностите што ќе ја направат дел од евро-атлантскиот свет. Како постојан известувач на Европскиот парламент, го прифатив како моја кауза правото на Република Северна Македонија целосно самостојно да го брани своето вистинско место во Европа, да бара нови партнерства и пријателства. И верувам дека со помош на Бугарија нема да биде далеку времето кога знамето на Северна Македонија ќе се вее во Брисел покрај знамето на земјите членки на ЕУ. Северна Македонија го избра патот да изгради мултиетничко општество во кое сите коегзистираат“, истакна пред присутните гости во своето обраќање европратеникот Илхан Ќучук.
![]()
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ прашува кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони
„Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара“, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека, како што наведуваат, „сите молчат“ и ги прозиваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и функционерите Александар Николовски, Јохан Тарчуловски и Бојан Томовски.
Според СДСМ, соочени со, како што тврдат, сопствената одговорност, претставниците на власта започнале медиумска кампања и лицитирале со наводно запленети 100 тони марихуана, за која велат дека била нелегално произведена.
„Но, така заглавија уште подлабоко. Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле“, наведуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што, според нив, е еднакво на повеќе од 40 фудбалски стадиони, и прашуваат кој дозволил толкава површина да се одгледува во државата и зошто не била направена ниту една теренска контрола.
СДСМ прашува и како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога да се транспортира, складира и пакува, како и што правеле АНБ и АР. Во соопштението се поставува и прашањето како 5 тони дрога поминале преку граница, покрај системот „Сејф сити“, скенери, контроли, полиција и царина.
„Нема одговор на овие прашања затоа што одговорноста за нарко-скандалот е во врвот на власта. СДСМ нема да дозволи овој нарко-скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате“, се наведува во соопштението.
Македонија
Средношколките во Охрид ќе се едуцираат како да се заштитат од сајбер напади
Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска.
Македонија
УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026
УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги.
Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја потврдуваат висината, видот и периодот на доходот, како и евентуално платениот данок во странство. Тоа, во пракса, значи дека даночниот обврзник треба да може документарно да го „затвори кругот“ – од исплатата до даночниот третман. Дополнително, за примената на договорите за избегнување двојно оданочување, УЈП упатува дека постојат насоки и процедури што ја дефинираат документацијата и начинот на пресметка.
Зад административната формулација стои појасна порака: контролата не е „локална“ работа. УЈП наведува дека во 2025 година, во рамки на меѓународната соработка, поднела 203 барања до странски даночни органи за проверка на документација за граѓани што преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Тоа е сигнал дека механизмите за размена на информации се активни и дека „ќе помине незабележано“ е сè послаб план.

