Македонија
Амнестијата не може да чека – предлог-законот стигна пред пратениците
Текстот на предлог-законот за амнестија, кој го подготви интерпартиското тело за помирување, е поставен на веб-страницата на Собранието и им е поделен на пратениците. Законот е на дневен ред на собраниска седница и ќе биде донесен по скратена постапка.
Тексот го изготви и поднесе група пратеници кои беше дел од собраниската подгрупа за помирување, предводена од пратеникот Зекир Рамчиловиќ.
„Основната цел на предлог-законот е амнестија на лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година со цел помирување преку надминување на поделбите во општеството, кои произлегуваат или се во врска со инцидентот во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година“, стои во нацрт-законот.
Инаку, изготвувачите на законското решение се оградија од тоа кој ќе биде опфатен со помилувањето, рекоа дека за тоа ќе одлучуваат Обвинителството и судовите. Со законот ќе бидат казнети лица што биле организатори на настаните од 27 и носеле оружје или извршиле насилство.
„Овој исклучок не се однесува на сторители на кривичното дело насилство од член 386 од Кривичниот законик , како и сторители на кривичното дело здружување заради непријателска дејност од член 324 од Кривичниот законик во врска со членовите 18, 19, 23 и 24 од Кривичниот законик“, стои во текстот на предлог-законот.
Се очекува законот да помине бидејќи за него се постигна консензус, кој беше условен од осум пратеници, кои гласаа за уставните измени, а претходно се отцепија од ВМРО-ДПМНЕ и преминаа да дејствуваат како независни.
Не се знае дали законското решение ќе добие поддршка од пратенците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои не дадоа зелено светло при изготвувањето на законот. Тие бараа со амнестијата да бидат опфатени сите затоа што со ова решение, според нив, се прави селекција, која се темели на политичко пазарење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

