Македонија
„Амчам Македонија“ избра ново лидерство
На 18-тото Генерално собрание на Американската стопанска комора во Македонија претставници на компаниите членки на „Амчам Македонија“ избраа 5 нови членови на Одборот на директори, соопштија од Американска стопанска комора во земјава.
„Оваа година на Собранието присуствуваа 120 претставници од компаниите членки на Комората. Настанот официјално го отвори тековниот претседател на Одборот на директори, Славко Пројкоски, кој посочи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креторите на политики за идеи што би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување. Амчам континуирано работи на подобрување на локалната деловна средина преку организирање настани за размена на знаења, како и преку директен ангажман со креаторите на политиките во насока на идентификување на клучните економски и општествени предизвици и можни решенија“, се наведува во сооопштението на Американска стопанска комора во Македонија.
Прашањата како што се јакнење на транспарентноста и предвидливоста на политиките и подобрување на квалитетот на образованието се дел од приоритетите на членовите на Одборот на директори на „Амчам“, извршната канцеларија и членовите на комитетите, посочи во својата изјава Пројкоски.
Официјално обраќање имаше и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, кој нагласи дека „Амчам Македонија“ е најактивна странска и локална бизнис-асоцијација во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис-заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, проширување на пазарот, борба со корупцијата, зголемување на транспаретноста и предвидливоста на бизнис-политиките како неколку од многуте придобивки од членството на земјата во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

