Македонија
Ангелевска: За власта не важат Уставот и законите, им се брза да назначат уставни судии што ќе им бидат партиски послушници
Власта сака да разреши пратеник од Комисијата за избори и именувања, комисија што е функционална и може да се свика во секое време, а да биде иронијата поголема, Талат Џафери, кој е прв потпишан на барањето за разрешување, викаше дека не смее да се свика пленарна седница за точка што не е помината на комисија, а оваа точка денеска не е помината на комисија, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска.
Таа истакна дека јасна е целта зошто на власта ѝ се брза, а тоа е за да може во истата комисија да има послушници што ќе ги слушаат наредбите од СДСМ и ДУИ и кои ќе треба да изгласаат уставни судии, кои исто така ќе бидат партиски послушници.
„Во оваа комисија треба да се стави послушник кој ќе ги аминува сите кадрови решенија што ќе доаѓаат од кујната на ‘Бихаќска’ и на ДУИ. Тоа значи уставни судии, членови на Регулаторната комисија, членови на други тела треба да поминаат на оваа комисија. Многу бргу ќе видиме дека ултимативна цел е да се донесат нови уставни судии, јавноста ќе се увери дека тоа ќе бидат партиски послушници, да чуваат материјали во фиоки со години ако е потребно и да решаваат уставност кога на власта ќе ѝ потреба“, рече Ангелевска.
Таа нагласи дека тоа се гледа и кога власта ја стави на дневен ред оваа точка и во исто време е закажана седница на Уставен суд додавајќи дека за оваа власт законите и Уставот не важат.
„Ова е спротивно на Деловникот за работа и како ќе го потпише Талат Џафери таквото решение ако се изгласа, но за нив не важи ни Уставот ни законите. Законите што сама власта ги гласала, за нив не важат, за Деловникот – го толкуваат како ќе им текне. Срам за демократијата и македонското Собрание, партијата што одеше по улици да бара и правда, и мир, и демократија, бараше јавниот обвинител да го предложи опозицијата, стана власт и ништо од тоа сега не важи“, рече Ангелевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

