Македонија
Ангелевска: Кадровските решенија во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се со богати биографии
Во моментов наследуваме катастрофална состојба. Буквално нема област, институција која може да ја наречеме целосно функционална. Граѓаните во предизборието велеа никогаш не било полошо и буквално е така. Јавниот долг на крајот на 2023 година достигна рекордни 62,1% од БДП. Во наредните 5 години само по основ на камати треба да се платат 1,8 милијарди евра. Судство со доверба од 3%, политички затвореници и селективна правда. Епидемија на криминал и корупција во сите пори“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска на денешната собраниска седница.
Таа продолжи и додаде:
„Програмата што ја понуди мандатарот за 2024-2028 година се состои од квалитетен животен стандард, економски раст, зголемување на БДП до 5%, 55,000 нови работни места, поддршка за приватниот сектор, национален план за демографија со низа на мерки кои ќе ја намалат и ублажат состојбата со негативниот прираст и иселувањето на нашите млади луѓе, во однос на енергетиката предвидени се низа долгорочни инвестиции и капацитети кои ќе гарантираат енергетска стабилност и зголемување на домашното производство на енергија, вложување во нашиот столб во РЕК Битола и продолжување на животниот век. Системска борба против корупцијата, владеење на правото во институциите, реформа на јавната администрација, развиени локални самоуправи и за таа цел годишно 250 милиони евра ќе се префрлаат во општините за рамномерен регионален развој и проекти за подобрување на локалното население. Функционален институционален систем, здравство, образование, животна средина, социјална заштита и посветена грижа за пензионерите. Национални приоритети надворешна политика, безбедност и одбрана, култура, спорт и развиен туризам , права и слободи и еднакви можности за сите“, кажа Ангелевска.
Таа во однос на кадровските решенија во новата Влада истакна дека тие се луѓе со богати биографии, стручни и професионални во своите области.
„Во однос на кадровските решенија понудени се кандидати луѓе со богати биографии , стручни професионални искусни и компетентни за областите кои се предложени. Иако наследуваме држава испукана по сите сфери , сигурна сум дека идните министри предводени од премиерот ќе вложат вонредни напори во решавањето на проблемите на граѓаните“, заклучи Ангелевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев, од позиција на власт, вршеле притисок врз доктор Жан Митрев со цел да му ја одземат сопствената болница.
Стојаноски се повика на интервју на Митрев во кое докторот раскажа дека Филипче и Заев му се заканувале, а институциите ја блокирале неговата лична сметка, како и сметката на болницата. Дополнително, како што наведе, била изречена и забрана за продажба на болницата, која, според сведоштвото, била укината веднаш штом политичарите изразиле интерес за откуп.
„По само една недела, ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно?“ – праша Стојаноски.
Тој исто така, повикувајќи се на интервјуто, рече дека Филипче и Заев сакале да ја купат болницата по цена далеку пониска од реалната, нарекувајќи го ова уште еден пример за злоупотреба на моќта во време на здравствена криза.
„Додека луѓе умираа секојдневно од КОВИД, тие се занимавале со сценарија за одземање болници“, изјави Стојаноски.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот и неселективно да постапи.
Македонија
Филипче: Мора да има контрола на податоците од „Сејф сити“
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање потенцираше дека СДСМ не е против системот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста, туку во сегашното решение постојат други сериозни и суштински прашања кои мора да се прецизираат .
„Еден таков закон кој се однесува на проектот „Сејф сити“ во којшто се регулира еден дел од сообраќајот, со којшто се намалува ризикот од несреќи, сообраќајќи , апсолутно во тој дел го поддржуваме. Меѓутоа, има важни работи за коишто треба да се зборува“, рече Филипче.
Во тој контекст, Филипче укажа дека треба да се има предвид економската состојба и стандардот на граѓаните, но и начинот на кој ќе се располага со податоците од граѓаните.
„Во сегашниот контекст, тоа е економската состојба во државата, стандардот на граѓаните, мора да се зборува за висината на казните. И второ, исто важна работа, што и кој ги контролира огромната количина на податоци коишто системот ‘Safe City’ ги собира“, рече Филипче.
Притоа, Филипче рече дека ВМРО-ДПМНЕ има историја во злоупотреба на податоци и службите за безбедност и затоа е важно да има дискусија во Собранието за овие прашања.
„Станува збор за влада на ВМРО-ДПМНЕ, која има историја на злоупотреба на служби за безбедност, пратење и прислушкување на огромен број на граѓани. Не сме комотни да туку така тој дел помине без дискусија. Се сомневаме дека можат тие податоци да ги злоупотребуваат за нивни тесни, партиски цели. Така што, ќе се дебатира во Собранието за овие две работи“, посочи Филипче.
Македонија
Поради дефект без парно делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода
Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.

