Македонија
Ангелевска: Упорно велевте дека секој денар што ќе биде потрошен за коридорите ќе биде јавно објавен, за да потоа кажете дека тоа ќе остане тајна
„Денес го имаме третиот закон кој што е донесен на Комисија со европско знаменце, законот за градење. Кога зборувавме претходните неколку дена за законот за урбанистичко планирање тука беше и министерот за транспорт и врски. А, што се однесува до мојот говор поставив јас неколку прашања до министерот, меѓутоа во неговата реплика јас не добив одговори“, истакна Силвана Ангелевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Ангелевска додаде дека синдикатите најавуваат дека ќе поднесат претставка до Уставен суд за да го обжалат решението за повеќечасовна работна недела.
„Сакаме да се гради, тоа е неспорно. Нашиот сомнеж знаете што е? Сета ова нетранспарентност, сакате да се повикувате на транспарентност ама всушност е антитранспарентност. Нити е договорот објавен“, нагласи пратеничката.
Таа посочи дека со самото тоа што договорот упорно не се објавува тука се јавуваат најголемиот број на сомнежи.
„Јас секогаш сакам да се повикам на одредени изјави кои што ги даваат владините функционери и да видите која е контрадикцијата што ја прават. Еве една изјава од Влада за Канал 5 на 15-ти мај – „Држава која нема коридори и енергија не може да се развива“. Па дали по шест години ви текна дека е ова така“, појасни Ангелевска.
Таа дури посочи дека Блок 3 од РЕК Битола се уште не работи, со својата неспособност власта го уништи РЕК Битола.
„Излегува министерот и вели секој денар кој што ќе биде потрошен за „Бехтел и Енка“ ќе биде јавно објавен. И сега на „360 степени“ вест објавена на 29.04.2023 година вели трансакциите кон „Бехтел и Енка“ ќе останат тајна“, прочита Ангелевска.
„Таа на говорницата ги докажа контрадикторните изјави на власта со цел да укаже дека се што велат лажат, затоа ниту граѓаните веќе не им веруваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со оружје, стотици парчиња муниција и импровизирани направи во возилото, Италијанец се обидел да ја помине границата на Табановце – приведен е
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија.
При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција, како и други предмети.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Левица ја повика Сиљановска-Давкова да не го потпишува законот за продолжување на легализација на дивоградби
Партијата Левица ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише новиот закон со кој се продолжува рокот за легализација на дивоградби.
Од Левица посочуваат дека претседателката претходно, како пратеник, јавно укажувала дека етички и правно е невозможно да се повикува на владеење на правото, а истовремено да се носат закони со кои се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти.
Собранието го продолжи рокот за легализација до 3 март 2031 година, наместо претходниот рок 3 март 2026 година, со што, како што велат од Левивца, процесот од временски ограничена мерка станува подолгорочна пракса.
Партијата оценува дека секое ново пролонгирање испраќа порака дека прекршувањето на законот ќе биде наградено со легализација, додека граѓаните кои градат согласно прописите остануваат изиграни.
Во соопштението се наведува дека ваквиот пристап ја поткопува правната сигурност и довербата во институциите, како и дека наместо зајакнување на инспекциските и урбанистичките механизми, државата избира модел на амнестија.
Партијата останува на ставот дека прашањето со дивоградбите треба да се решава системски, со јасна разлика меѓу социјалните случаи и, како што наведуваат, профитерската злоупотреба, и ја повикува претседателката да не го потпише законот.
Македонија
Дебар Маало доби 24-часовна бесплатна Wi-Fi мрежа, наскоро и во Капиштец
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината.
Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено.
Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со вградени безбедносни ограничувања за заштита на корисниците.
„Општина Центар е лидер во дигитализацијата на општинските услуги. Воспоставувањето на слободни интернет зони е пример како треба да функционира една современа општина, со безбедни и модерни јавни простори и отворен пристап до информации и дигитални услуги за сите граѓани“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Овие слободни Wi-Fi зони се наменети за жителите, посетителите и туристите, за кои централното подрачје претставува една од најпривлечните и најатрактивните дестинации во Скопје.

