Македонија
Ангелов на Комитетот за отпорност на НАТО
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, учествуваше на првата пленарна сесија на Комитетот за отпорност на ниво на политички директори, која се одржа вчера и денес (1-2 декември) во седиштето на НАТО во Брисел.
На 1 декември 2022 членките на НАТО дискутираа како насоките од состанокот на високите национални претставници за отпорност да се преточат во конкретни активности и одобрија работни области со временска рамка, кои ќе бидат патоказ за градење отпорност до самитот на НАТО во Вилнус. Претседавачите на групите за планирање при Комитетот за отпорност, кои играат важна улога во споделувањето на свесноста за националната подготвеност и неопходните активности, информираа за претстојната работа во делот на цивилната подготвеност преку седумте основни побарувања.
![]()
Дискусиите за перспективата на приватниот сектор во однос на зајакнувањето на националната и колективната отпорност продолжија за време на неформалната работна вечера. Притоа Ангелов оствари повеќе билатерални разговори.
Главна тема на сесијата 2.12.20022 година беше примената на стратешкиот концепт, кој нагласува дека обезбедувањето национална и колективна отпорност е клучно за сите основни задачи на НАТО и ги поткрепува напорите на сојузниците да ги заштитат нашите нации, општества и заеднички вредности.
Во втората сесија на сојузниците им се придружија земјите партнери, на кои им се преставија најновите стратегии и се разговараше за влијанието на војната во Украина врз националната и колективната отпорност. Во таа насока беше нагласено дека отпорноста на критичната инфраструктура е од суштинско значење за континуитетот на основните услуги за населението и за националната одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

