Македонија
Ангелов на НАТО-состанок за отпорност во Брисел
Во седиштето на НАТО во Брисел се одржа првиот состанок на високите претставници за отпорност, каде што се обрати генералниот секретар Јенс Столтенберг. Македонија во овој формат е претставувана од директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
![]()
Сојузниците ги споделија своите сознанија и насоки за зајакнување на националната и колективната отпорност во пресрет на значително променетото безбедносно опкружување во евро-атлантската област. Нивните насоки ќе ги дефинираат целите за отпорност на алијансата, кои ќе бидат претставени пред лидерите на НАТО на самитот во Вилнус следниот јули.
![]()
„Силата на нашето одвраќање и одбраната се темелат на отпорноста на нашите држави и општества“, рече Столтенберг. Ова е причината зошто НАТО се фокусира на отпорноста од самото основање на алијансата. Од 2016 година НАТО повеќе напори се посветуваат на ова воспоставувајќи основни барања за сојузниците за процена на националната отпорност во клучните области, вклучувајќи го континуитетот на владините служби, комуникациите, транспортот, снабдувањето со храна, вода и енергија, како и справувањето со масовни жртви и неконтролирано движење на луѓе.
![]()
Ангелов информира за националната агенда за процена и градење капацитети за отпорност нагласувајќи го принципот на вклученост на сите национални фактори.
Минатата година сојузниците се согласија за зајакната посветеност на отпорноста и како дел од агендата на НАТО 2030 да назначат висок претставник, кој ќе ги координира напорите за национална отпорност и ќе ги подобри консултациите во рамките на НАТО. На првиот состанок сојузниците се согласија да развијат патоказ за отпорност до самитот во Вилнус во 2023 година за да обезбедат видлив и навремен напредок.
Генералниот секретар ги препозна брзите дејства што сојузниците ги презедоа по инцидентите на „Северен тек“ за да се обезбеди отпорност на критичната инфраструктура со поголемо воено присуство и размена на разузнавачки информации. Тој исто така ги повика сојузниците да соработуваат поблиску и да ги забрзаат нивните напори за отпорност нагласувајќи ја улогата на НАТО како центар за трансатлантските консултации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

