Контакт

Македонија

Ангелов: Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Објавено пред

Политичката партија „Достоинство“ денеска ја одржа својата годишна конвенција.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на партијата Стојанче Ангелов ги повика граѓаните да се приклучат на „Достоинство“, особено ако се против режимот на ВМРО ДПМНЕ.

“Што се однесува до македонскиот јазик и идентитет сметаме дека воопшто не треба да се преговара. Ние сме Македонци кои го зборуваат македонскиот јазик”, рече тој.

Ангелов кажа дека Гоце Делчев е Бугарин онолку колку што Македонците коишто имаат бугарски пасош се Бугари.

Македонија

Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници, рече Мицкоски

Објавено пред

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори и успешно ќе ја завршиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности. Како претседател на партијата и на Извршниот комитет, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети“, изјави тој.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Герасимовски: Ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар, работиме и викендов

Објавено пред

Општина Центар информира дека се мијат уличките позади трговскиот центар Буњаковец, се мие плочникот и се чистат клупите во Градски ѕид кај Полициската станица Беко со цел подигнување на хигиената во централното градско подрачје. Покрај тоа, во близина на Европски Универзитет поставена е дрвена платформа за седење на една од бетонските клупи т.н сепариња.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека општинските служби интензивно работат и за време на викендот со цел обезбедување на што поголема хигиена.

„Во викендите, Центар е една од најпосетените скопски општини од страна на младите и возрасните. Не смееме да дозволиме општината да изгледа валкано, со смет, со нечисти улици и клупи. Голем број граѓани гравитираат низ општината, мораме да бидеме пример за чистота. Упатувам апел до граѓаните да се грижиме за околината, а Град Скопје викендов да го исчисти сметот од улиците кадешто има надлежност”, порачува Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци наместо затворски добиле пониски казни

Објавено пред

Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени над 80 пакувања амфетамин, било третирано со воспитна мерка наместо со построга санкција, кажа денеска на прес конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Наместо да ја преземе одговорноста за очигледниот пропуст, судот продолжува да го брани својот став, дури и по тоа што истиот сторител, на слобода, предизвика трагедија со одземање на невин живот. Ова однесување повторно ја оправдува катастрофалната оценка што граѓаните му ја даваат на судството – „двојка минус“. Наместо да биде чувар на правдата, македонското судство повеќе се грижи за формални оправдувања отколку за вистинска правда“, вели Лефков.

Тој нагласи дека „судијката која ја донесе скандалозната одлука за ослободување на сторителот не е непозната за јавноста“.

Во изминатите седум години беше главен извршител на политичките монтирани процеси на СДС против ВМРО-ДПМНЕ, носејќи драконски казни за политички неистомисленици, додека криминалци и нарко-дилери блиски до поранешната власт добиваа поблаги санкции или беа ослободувани. Овој случај е дополнително скандалозен затоа што сторителот бил третиран како „млад возрасен“, категорија што судството ја користи за да доделува поблаги санкции, иако се работи за полнолетно лице кое веќе извршило сериозно кривично дело. Наместо да се земе предвид количината на запленетата дрога и ризикот што го претставува, судот решил да примени воспитна мерка, со што овој случај заврши со фатални последици“, истакна пратеникот и додаде дека „ова не е прв пат судот, под влијание на СДС, да носи одлуки што завршуваат со човечки трагедии. Потсетуваме дека истото се случи кога нивниот човек, Зоран Милески – Кичеец, беше пуштен од затвор пред време, а потоа направи страшна сообраќајна несреќа кај Стража во која загина човек“.

Лефков праша – колку други вакви случаи има за кои јавноста не знае? Колку други блиски луѓе до СДС биле пуштени на слобода, наместо да одговараат пред законот? Дали судството стана инструмент за заштита на одредени интереси наместо да биде гарант на правдата?

ВМРО-ДПМНЕ бара итна ревизија на сите вакви пресуди и судските органи да покажат зголемена одговорност во одлучувањето. Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, а не заштитата на поединци блиски до СДС. Судството мора да престане со практиката на селективна правда и конечно да работи во служба на граѓаните, а не на одредени политички и криминални структури“, заклучи Лефков.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 минути

Инспекторите влегоа во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа

Ден по бојкотот на маркети поради високите цени, премиерот Мицкоски изјави дека инспекторите се на терен во сите поголеми супермаркети,...

Македонија15 минути

Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници, рече Мицкоски

На почетокот на февруари ќе ја започнеме процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните...

Топ3 часа

Приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удри во пешак и избега без да му помогне

Министерството за внатрешни работи информира дека е пронајдена и приведена 42 годишна жена која вчера со автомобил удрила пешак и...

Свет4 часа

(Видео) Русија со балистички проектили го погоди центарот на Одеса, има повредени

Руските сили синоќа извршија балистички ракетен напад врз центарот на Одеса, ранети се најмалку три лица, изјави Олех Кипер, шеф...

Македонија23 часа

Судот се брани: Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки вината е на судството

Кривичниот суд излезе во јавноста со соопштение во врска со претходните судски постапки што биле водени против 20-годишниот Васил Јованов,...

Македонија24 часа

„Врските не враќаат човечки животи“ – протест на „Партизанска“ по смртта на Фросина Кулакова

Граѓаните излегоа на протест на улицата Партизански одреди, каде што 20-годишниот Васил Јованов завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Се оставаат...

Македонија1 ден

И по 12 месеци да се направи контрола, ќе следуваат драконски казни за непочитување на Законот за нефер трговски практики, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира не само маркетите туку сите компании да го почитуваат Законот за нефер трговски практики...

Економија1 ден

Поскапува цената на парното

Парното поскапува за 5,03 проценти, информира на денешната прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Според него,...

Топ1 ден

Со задушување ја убил својата партнерка: уапсен 42-годишник од Кавадарци

Вчера во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 42-годишниот И.П. од Кавадарци. Тој се сомничи дека...

Македонија1 ден

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

Денеска, по кратко боледување во Скопје, во 42. година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Томиќ со години беше дел...

Регион1 ден

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените...

Македонија1 ден

Обвинителството со детали за возачот што ја усмрти Фросина: бил гонет и за други кривични дела, судот го упатил во поправен дом

Обвинителството соопшти детали за возачот од Скопје што ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на „Партизански одреди“. „МВР против лицето поднело...

Македонија1 ден

Протест на „Партизанска“ поради трагичната смрт на Фросина

Голем број граѓани на социјалните медиуми за денеска во 13 часот повикуваат на протестен собир на местото на кое смртно...

Регион1 ден

Студент од Србија: Го одбив помилувањето на Вучиќ, сакав на суд да ја докажам мојата невиност

Студентот на Правниот факултет во Нови Сад, Михаило Младеновиќ, одбил помилување од претседателот на Србија. Тој рече дека ниту еден...

Европа1 ден

(Фото) 418 лица уапсени за фалсификувани лекови во голема операција на Европол во Европа

Операцијата на Европол од април до ноември минатата година резултираше со повеќе од 400 апсења за трговија со фалсификувани лекови,...

Свет1 ден

Трамп: Кина мора да престане да испраќа фентанил во нашата земја и да го убива нашиот народ

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа по американско време најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го исклучи увозот на нафта...

Свет1 ден

Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот

Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион...

Свет1 ден

(Видео) Интересот на Трамп за Гренланд не е шега, тврди шефот за надворешна политика на САД

Интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд „не е шега“, изјави државниот секретар Марко Рубио во вчерашното...

Македонија2 дена

Возачот кој ја усмрти Фросина бил гонет за дрога, а судот го пратил во поправен дом третирајќи го како помлад полнолетник

Обвинителството го потврди минатото со дрога на младиот возач од Скопје (В.Ј.) кој синоќа ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова на...

Топ2 дена

Возачот кој ја усмрти Фросина на „Партизанска“ возел под дејство на алкохол, без возачка и поминал на црвено светло

Дваесетгодишникот кој синоќа усмрти 22-годишна девојка на Партизанска, управувал возило на неговиот татко, без возачка дозвола, а бил и под...