Македонија
Андоновска: Апсете ги одма и кривична пријава за пратеничката од СДСМ која го загрозува здравјето
Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ побара од МВР веднаш да ги уапси пратениците од СДСМ, кои дошле во Собрание облечени во скафандар и покрај тоа што се заболени од Ковид-19.
Апсете ги одма!
МВР да реагира!
Ова е за кривична пријава!
Не смее да излезе од изолација и да го загрозува животот и…Posted by Andonovska Marija on Sunday, 18 April 2021
„Апсете ги одма! МВР да реагира! Ова е за кривична пријава! Не смее да излезе од изолација и да го загрозува животот и здравјето на цело собрание и нивните семејства!
Во име на вистината, девојкава не оди да гласа за 36та седница и петиот пакет мерки, за тој ќе гласаат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, таа оди да гласа за 32та седница и за покривање на криминалите на власта! Ова не смее да се дозволи!
Ние ќе закопуваме млади, а тие ќе покажуваат моќ и самоволие!
Дали ова значи дека сите што се позитивни можат да облечат скафандер и да шетаат по улици!?
Одговорност ќе има!!!“ напиша Андоновска на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

