Македонија
Андоновска: Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категорија „пензионерско семејство“

Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категорија „пензионерско семејство“. Секое пензионерско семејство во Република Македонија независно дали го сочинува еден пензионер или два пензионери мораат да имаат минимална месечна пензија од 25.000 денари, вели носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во Изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска.
– Пример, ако во едно семејство еден пензионер прима пензија од 13.000 денари, низ системот на социјалните пакети ќе добива до задолжителните 25.000 денари кои се неопходни за неговиот живот, да може квалитетно да се храни, да купи лекови кои не се на позитивната листа и да ги плати секојдневните свои давачки, да се загрее како што треба домот, да има пари за превоз и слично.
Цениме дека ова е најцелисходна мерка затоа што сите други мерки кои се нудат од другите политички партии или коалиции, драстично ќе го намалат, ќе го уништат пензискиот фонд и после извесен број на години сите ние ќе бидеме загрозени, значи како сегашните, така и идните пензионери. Многу битна мерка воведуваме, значи пензионерско семејство со загарантирани 25.000 денари на секое пензионерско семејство во Република Македонија – рече Андоновска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.