Македонија
Андоновски на панел-дискусија за сајбер-безбедност во САД: Безбедноста во сајбер-просторот не познава граници
На покана на Глобалниот форум за сајбер-експертиза (GFCE), министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на панел-дискусија во Вашингтон, САД. Темата на панелот беше “Напредокот во воспоставувањето на национални сајбер-авторитети и развојот на вештини во земјите од Западен Балкан”.
Во своето обраќање Андоновски ги истакна неодамнешните чекори на Македонија во областа на сајбер-безбедноста, при што потенцираше дека неодамнешното основање на Министерството за дигитална трансформација е клучен чекор кон посигурна дигитална иднина за нашата земја кое ќе биде столбот на нашите напори за дигитализација и сајбер-безбедност.
Го нагласи значењето на сеопфатниот пристап во спроведувањето на мерките за сајбер-безбедност во регионот:
“Вклучувањето на сите општествени чинители е клучно во нашите напори за подобрување на сајбер-безбедноста во целиот регион на Западен Балкан”, истакна Андоновски. “Безбедноста во сајбер-просторот не познава граници и бара заедничко делување.”
Андоновски ги претстави и плановите за новата Национална стратегија за сајбер-безбедност 2024-2028. Стратегијата ќе се фокусира на усогласување со директивата NIS2 на ЕУ, заштита на критичната инфраструктура и развој на домашни сајбер-вештини.
„Технологијата носи големи можности, но и значителни ризици”, објасни министерот. “Неопходно е да го уредиме дигиталниот свет за да ги заштитиме правата на граѓаните во оваа сфера.”
Андоновски зборуваше и за предизвиците со кои се соочува земјата, од еволутивната природа на заканите до тешкотиите во задржувањето на стручни кадри. И покрај тоа, тој изрази оптимизам:
„Република Македонија е посветена на градење на цврста и со ЕУ усогласена рамка за сајбер-безбедност. Убедени сме дека со постојана посветеност, меѓународна соработка и современ пристап, можеме да изградиме безбедна дигитална иднина за нашите граѓани и да придонесеме за сајбер-безбедноста на целиот регион на Западен Балкан.”
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
MINT Ins продолжува со своите активности за поддршка на образованието и локалната заедница, овојпат преку донација на училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“.
Донацијата вклучува комплети со геометриски прибор, едукативни материјали и наставни помагала кои ќе придонесат за поквалитетна и подинамична настава, особено во делот на математиката и практичното учење. Со оваа поддршка, MINT Ins има за цел да создаде подобри услови за учење и да ги охрабри децата да го развиваат своето знаење со сигурност и љубопитност.

„Веруваме дека инвестицијата во образованието е инвестиција во иднината. Малите работи, како квалитетен училишен прибор можат да направат голема разлика во секојдневието на учениците и наставниците. Затоа со задоволство ја реализиравме оваа донација,“ велат од MINT Ins.

Од ОУ „Елпида Караманди“ упатија благодарност за поддршката, истакнувајќи дека ваквите донации се значајна помош во унапредувањето на наставниот процес и создавањето позитивна средина за учење.
Во две основни училишта донирани се и клима уреди.

Оваа активност е дел од пошироката општествено одговорна стратегија на MINT Ins, насочена кон поддршка на образованието, децата и заедницата во која компанијата активно делува. Компанијата и понатаму ќе продолжи со иницијативи што носат реална вредност и долгорочно позитивно влијание.
ПР
Македонија
„Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот од 1 милион евра поради опстанок на власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„СДС за да опстане ден повеќе на власт ги толерирале злоупотребите кои се случувале во Лотарија под раководство на Бајрами, а под покровителство на Груби тоа го потврди и извештајот на ДЗР“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Државна лотарија директно исплаќала аванси за мали добивки на деловни соработници, односно 320 правни лица во износ од близу 14 милиони денари без да го користи пропишаниот „Мастер дилер“.
Од вкупните 14 милиони денари, за 13 милиони денари или нешто над 210.000 евра, во извештајот се вели дека документацијата е неуредна, невалидна или недостасува.
Ревизијата исто така утврдила и спорна и неверодостојна документација и во делот за готовински одливи од 36,5 милиони денари или 600.000 евра и приливи од близу 8 милиони денари или 130.000 евра.
И додека СДС замижувале за време на овој криминал во Државната Лотарија немало внатрешен ревизор.
Дали СДС за опстанок на власт замижал пред криминалот во Лотарија вреден близу 1 милион евра?
Колку пари завршиле во џебовите на Груби и Бајрами?
ЈО да отвoри постапка и да истражи каде завршиле 1 милион евра?
Со молкот од СДС се отвoра сомнеж дека се соучесници во криминалот во Лотарија само за да се одржи коалицискиот мир и да се остане ден повеќе на власт.
Поради сите предмети кои се чуваат во фиока и кои се заташкуваа од страна на Коцевски и обвинителството неопходни се реформи во правосудството. Правда мора да има а законите да важат подеднакво за сите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда
„Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија. Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста“, велат од СДСМ.
„СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.
Прв чекор ќе биде претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок која ќе ја поднесеме денеска.
Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основните човекови слободи и права а тоа е слободата на изразување и политичко делување.
Заедно со граѓаните Фронтот за правда ќе се бори за Македонија, за слободата и демократијата со сите демократски механизми.
Ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата!“, соопшти СДСМ.

