Македонија
Анета од Радовиш со недобитен инстант-лоз ЕКОСКУТЕР доби 150.000 денари бонус
Задоволство ни е да vи ја претставиме Анета Спасојева од Радовиш – првата учесничка во бонус играта „Заврти eкоскутер тркало“ која ги „одмери силите“ со тркалото на среќата и си замина дома со 150.000 денари бонус на нејзината трансакциска сметка.
Со Анета се дружевме во ТВ-студиото на Лото 7 откако беше извлечена по електронски пат со помош на генератор во 88. коло. Пред камерите ни раскажа дека редовно се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија, а особено се израдувала на новата бонус игра „Заврти екоскутер тркало“ затоа што со недобитните инстант-лозови, играчите добиваат втора шанса за добивка.
Ве потсетуваме, „Заврти екоскутер тркало“ е бонус игра за забава и добивки наменета за сите љубители за инстант-лозот екоскутер.
Сè што треба да направите е да се регистрирате/најавите на веб-страницата на Државна лотарија, www.loto.mk, да го запишете 11-цифрениот сериски број (баркод) кој се наоѓа на задната страна на лозот, но исто така го запишувате и 8-цифрениот контролен број (баркод) кој се наоѓа под полето прекриено со заштитен слој на кое пишува „НЕ ГРЕБИ“.
Можноста за учество веќе започна, а ќе трае заклучно со 23.3.2022 година. Во тек на овој период, секоја седмица, во лото-емисијата, се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, ќе врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50 00 денари.
Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50 000, 100 000 или 150 000 денари.
Но, изненадувањата со Државна лотарија никогаш не престануваат. Сите недобитни регистрирани инстант лозови екоскутер влегуваат во игра за два автомобила БМВ Х1, и тоа со две извлекувања по електронски пат:
· Првото извлекување ќе се одржи на 8.1.2022 година, а ќе учествуваат сите лозови кои претходно не биле извлечени за парична добивка од 1. до 10. коло.
· Второто извлекување за автомобил БМВ Х1 ќе се одржи на 19.03.2022 година. Ќе учествуваат сите регистрирани инстант-лозови кои претходно не биле извлечени за парична добивка и тоа од 11. до 20. коло.
Ве покануваме на уште една авантура преку www.loto.mk која може да ве одведе до прекрасен автомобил БМВ Х1. Билет до возбудливата авантура „Заврти екоскутер тркало“ е недобитен лоз екоскутер. Воедно, со купување пакет 5 + 1 екоскутер, давате ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќата и солидарноста наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против Ковид-19.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска да биде реална и искрена и да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ
Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (Мамас) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, велат од партијата.
Од таму и порачаа на Ристоска барем да биде реална и искрена, и додека говори јавно за подобност и критериуми, и глуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е ова СДС и СЈО. Тоа време помина“, велат од партијата.
Македонија
Реконструиран патот кон Манастир Пеленица: Инвестиција од над 475.000 евра за подобра безбедност и пристапност
Успешно е реализиран проектот за реконструкција (рехабилитација) на коловозот и изработка на тротоар на патот кон Манастир Пеленица, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
„Инвестицијата од 29.320.330 денари (околу 475.000 евра) придонесе за модерна и одржлива патна инфраструктура, подобрена пристапност до манастирскиот комплекс и повисоко ниво на безбедност за посетителите и локалното население. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ: Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска, независната кандидатка за јавен обвинител
Промената на јавниот обвинител беше политичка цел на Мицкоски за воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството, обвинија од СДСМ.
„Сега гo гледаме сценариото за изборот на нов јавен обвинител по мерка на Мицкоски. Тој одлучува кој ќе биде назначен. Мицкоски ја елиминираше Ленче Ристоска –независната кандидатка за државен јавен обвинител. Иако Ристоска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност. Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија“, велат од СДСМ.
Според партијата, независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира.
„Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот. Медиумскиот октпод на Орбан во Македонија и неговите 40% медиуми што ги контролира веќе ја слават елиминацијата на Ристовска. Не се крие ништо. На кого веќе не му е јасно? Ставаат обвинител под нивна контрола, сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет, советник на Мицкоски во Уставниот суд. Владата ги знае судските одлуки за процеси кои се уште не се завршени а Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат. Следува целосно погребување на правдата и правната држава. Исто како во времето на Никола Груевски“, велат од СДСМ.

