Македонија
„Анима мунди“ повика на усвојување на програмата за работа на „Лајка“
Уутре, на седницата на град Скопје е закажана расправа за усвојување на Програмата за работа на ЈП Лајка.
Од „Анима мунди“ велат дека програмата која за 2024 година планира да ја спроведе ЈП Лајка е темелна и сеопфатна, насочена кон сериозни и амбициозни резултати, постои итност истата да биде усвоена за претпријатието да функционира и ги повикуваат сите советници на град Скопје да ја поддржат и да биде изгласана.
„Лајка работи во услови каде резултатите се мерливи, но ефектот зависи од сите нас, граѓаните, а првенствено од креаторите на политиките и законите. Надлежноста на Лајка е таква што само санира последици, без да има ингеренции да влијае на врз коренот на проблемот, законската регулатива која пропишува што да се прави и кој е се надлежен. Се работи чесно и посветено, со средства кои се сведени на третина од минатогодишниот буџет, каде човечкиот фактор, поддржан од граѓаните и активистите дава се од себе бездомни кучиња во Скопје повеќе да нема.
Но, кучињата не познаваат административни граници, така што во Скопје завршуваат и кучиња од други општини, но најголем прилив е секојдневното исфрлање нови легла, нечии довчерашни миленици, по улиците. По стоти пат укажуваме дека решение, одржливост не може да се има, без да се третира и затвори изворот 1) неодговорното сопствеништво, неконтролирано размножување и напуштање; 2) нерегулирана трговија и подарување животни, 3) институционално непостапување во случај на занемарување и насилството врз животни, 4) општини кои не превземаат ништо, го игнорираат проблемот или превземаат грешни чекори.
Советници на град Скопје, во Советот поддржете ја програмата на ЈП Лајка, зошто е сепфатна, ефикасна, хумана, неопходна за да се гарантира здравствената заштита и безбедноста на граѓаните и животните. Кренете рака утре, за да се изгласа. НО НЕ ЗАПИРАЈТЕ ТУКА. За доброто на градот, државата, граѓаните, животните, во Вашите партии промовирајте ги и поддржете нашите барања за итна промена на Законот за заштита и благосостојба на животните, строго уредување на обврските кои подразбираат одговорно сопствеништво, регулирање на продажната дејност со миленици, забрана за неконтролирано размножување на милениците, па дури и мандаторна стерилизација.
Ова се прашања кои не засегаат сите и ова не е невозможна туку возможна мисија, доколку секој ја спроведува совесно, свесно, ревносно, својата одговорност“, велат од „Анима мунди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

