Македонија
„Анима мунди“: Се планира масакр на животни, иако свинската чума не е опасна за луѓето
Ако сите епидемии се решаваа со убивање, немаше да има живи суштества на планетава, велат од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“, од каде бараат владата итно да ги отповика, како што велат, најавените монструозни мерки за убивање на животните.
„Свинската чума не е опасна за луѓето, а само Македонија планира масакр на свињите, додека мерките во нашето соседство се сведуваат на хигиена, дезинфекција, пријавување на секое угинато животно и забрана за увоз и извоз“, се наведува во соопштението на здружението.
Од таму додаваат дека за најавениот колеж на свињите државата ќе потроши 65 милиони денари.
„Надомест од 3.000 денари за секоја заклана свиња од страна на селските домаќинства, парична награда од 1.000 денари за ловџиите за секоја застрелана единка. Каде живееме ние, се срамиме и ни се гади“, истакнуваат од „Анима мунди“, од каде изразуваат и негодување кон ловџиите за кои велат дека убиваат животни од чиста забава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

