Македонија
Анкета на „Макфакс“: КАМ е омилен маркет за пазарење
Маркетот „КАМ“ е омилен маркет за пазарење, покажа анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“. За него гласале 29,7% од испитаниците. На второ место е „Стокомак“ со 17,3%, а на трето место е „ВЕРО“ со 14,5%, а веднаш по него „Тинекс“ со 11,4%. За останатите маркети гласале под 10%.
На испитаниците им беа понудени осум маркети и опцијата „друго“. 74,3% гласале преку мобилен телефон, а 25,7% од компјутер. Најмногу испитаници (37,9%) се од возрасната граница меѓу 35 и 44 години. Од испитаниците 64% се мажи, а 36% жени.
Вкупно гласале 3.931 испитаник на 17 веб-страници, а анкетата беше отворена 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Бутел, Карпош и Сарај денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Александар Турунџов во општина Бутел.
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5 и 7 во општина Карпош, како и корисниците од селата Глумово, Шишево и Матка во општина Сарај.
Македонија
Без вода делови од општина Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известувааат дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф – 5/4“ на бул. Илинден б.б, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од ул. Љубљанска до ул. Никола Парапунов. ( општина Карпош )
Македонија
Наутро студено, преку денот сончево време
Утрото ќе биде ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје наутро студено, во делови од котлината со услови за појава на магла, а преку денот сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и претежно тивко со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониска дневна температура особено од средината на работната недела. Во петок кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и за време на викендот кога наместа ќе бидат пообилни.