Македонија
Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница.
Покрај градоначалникот Мерко, антикорупционерите сметаат дека кривична одговорност треба да се побара и од претседателот на Кривичниот суд во Струга, кој дозволил буџетот на Општината да биде 50 милиони денари иако е меѓу најзадолжените во државата.
Финансиските малверзации на градоначалникот Мерко биле потврдени во истрагата на Државната комисија за спречување корупција, а тие се нотирани и во истрага на државните ревизори.
Антикорупциската комисија извести дека во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција од 2018 година се оформени три предмети за работењето на градоначалникот Мерко. Меѓу нив се набавката на луксузното „ауди а 6“ за 70.000 евра и предметот за бесправна продажба на објект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Незгода на патниот правец Крива Паланка – Куманово, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка – Куманово од 10:10 часот е во прекин.
Како што извести АМСМ, на излезот од Крива Паланка се случила сообраќајна незгода.
Возилата се пренасочуваат по стариот пат, додаваат од АМСМ.
Македонија
Герасимовски: Финансираме поддршка за жртви на насилство, млади во ризик и деца со попреченост

Општина Центар распиша јавен повик за поддршка на проекти кои обезбедуваат социјални услуги за ранливи групи граѓани.
Повикот е насочен кон подобрување на пристапот до социјални услуги, со акцент на три клучни области: психосоцијална поддршка за жртви на насилство, услуги за млади во ризик од зависности и индивидуализирана поддршка за деца со попречености.
„Живееме во време кога младите се изложени на различни предизвици, меѓу кои агресијата, дрогата, отуѓувањето. Инцијативата е насочена кон обезбедување стручна поддршка за нив, но и за другите ранливи групи, како што се деца и жени жртви на родово насилство и деца со попреченост. Преку ваквата помош имаме за цел да ја поттикнеме социјалната вклученост и инклузивност на сите на кои им е потребна“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Повикот е отворен за здруженија на граѓани со седиште во Општина Центар, кои се регистрирани и активни најмалку една година, лиценцирани од Министерството за труд и социјална политика или кои имаат потврда за испорака на специфична услуга, и кои имаат искуство во спроведување социјални услуги.
Апликациската форма и деталната листа на документи се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар.
Пријавите со комплетна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар или по пошта, во рок од 10 дена од објавата на повикот.
Приоритетите на јавниот повик за финансирање за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар се утврдени во Програмата за здравствена, социјална и заштита на децата за 2025.
Македонија
Градоначалникот Стефковски приреди ифтар вечера во чест на Рамазан Бајрам

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вчеравечер приреди ифтарска вечера во чест на рамазанскиот пост за припадниците на исламската вероисповест.
Во обраќањето пред присутните градоначалникот Стефковски истакна дека за него голема е радоста и убаво е чувството што оваа година е домаќин на оваа ифтарска трпеза.
„Овие трпези се симбол на заедништвото, меѓусебното почитување и толеранција, кои со векови наназад ги собираат на едно место граѓаните без разлика на нивната вера“, истакна Стефковски.
„Оваа година рамазанскиот и велигденскиот пост се во истиот временски период, а тоа претставува уште една можност да го покажеме нашиот соживот, да се однесуваме со взаемна почит едни кон други. Само со почитување на различноста ќе создадеме општество на силни индивидуи кои ќе ја градат Република Македонија“, заклучи градоначалникот Стефковски.
На ифтар вечерата присуствуваа претставници на Исламската верска заедница, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, министерот без ресор Шабан Салиу, замениците министри Ѓоко Велковски и Ерџан Селими, пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, претставници на сите албански политички партии и голем број на граѓани.