Македонија
Антикорупциска комисија ќе се формира пред претседателските избори

Законот за спречување корупција и судир на интереси се очекува да биде изгласан пред претстојните претседателски избори, соопшти денес владиниот портпарол Мухамед Хоџа. Предлог-законот за спречување корупција, по уставните измени, со европско знаменце ќе биде вратен во Собранието.
„На последната владина седница за 2018 година Владата донесе одлука да го повлече законот за спречување корупција и конфликт на интереси со цел тој да се врати во собраниска процедура со европско знаменце. Тоа значи законот побргу да биде усвоен како дел од европските закони. Очекуваме овој закон да биде усвоен пред претседателските избори“, рече портпаролот Хоџа.
Од Владата очекуваат и опозицијата, која има сериозни забелешки на предлог-законот, да учествува во неговото донесување. Опозицијата поднесе 27 амандмани на законот, а забелешките во најголем дел се однесуваат на контролата на финансирањето на политичките партии.
Предлог-законот предвидува и нов начин на избор на антикорупциската комисија, односно место Собранието да ги назначи, антикорупционерите ќе се избираат на јавен оглас што ќе го распише комисија формирана од претставници на народниот правобранител, на невладини организации и по двајца претставници од опозицијата и од власта.
Од Владата велат дека предлог-законот веќе има позитивно мислење од Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.