Македонија
Анѓушев за одлуката на ДКСК: Работам во согласност со Уставот и законите
„Категорично изјавувам дека во извршувањето на функцијата заменик-претседател на Владата задожлен за координација на економските ресори во целост се придржувам кон почитување на законските прописи. Соодветно на тоа и во комункацијата со сите други институции во државата се водам од интересите на државата и граѓаните во согласност со законските прописи“, се вели во писмената реакција на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, на одлуката на ДКСК.
„Постапувајќи по предметите иницирани пред ДКСК, ги доставивме сите побарани податоци и документи со цел да им овозможиме да ја утврдат материјалната вистина. Во конкретниот случај за намалување на царинските стапки за литиум-јонски батерии за акумулатори уште еднаш потврдувам дека во предметот имам доставено изјава со која се изземам од постапување и одлучување. Не ги знам причините поради кои антикорупциската комисија ја донела одлуката. Кога ќе ја добијам написмено, ќе може да дадам коментар за неа.
Убеден сум во законитоста и исправноста на моето работење и ќе ги преземам сите неопходни дејства пред надлежните органи за да се докаже вистината бидејќи не сум ги прекршил законските прописи. Владата во полн капацитет одлучува по сите прашања што се поставуваат на владина седница и секаде каде што е можно да дојде до конфликт на интереси, уредно сум се пријавил и сум поднел изјава во согласност со законот“, се вели во соопштението.
По долготрајна дебата меѓу членовите во комисијата со 4 гласа „за“ и два „против“ комисијата го отвори предметот за владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори, а со оваа дејност се занимава единствено фирма поврзана со вицепремиерот. Анѓушев, според антикорупционерите, не се иззел од вториот дел од постапката и присуствувал на владината седница, каде што била усвоена одлуката.
Антикорупционерите се согласија дека во случајот постои судир на интереси и ќе побараат од Владата и од премиерот Зоран Заев да утврдуват одговорност поради наводно прикривање приватни интереси од страна на Анѓушев.
Антикорупциската комисија го затвори предметот познат како „Тополки“ во кој беше инволвиран вицепремиерот Кочо Анѓушев, а се однесуваше на изградбата на хидроцентрала во Националниот парк Маврово. Комисијата утврди дека Анѓушев го пријавил својот интерес и се иззел од сите седници на Владата на кои се расправало за концесиите, нивното доделување и роковите, а со тоа го затвори и го архивира предметот. Сепак, комисијата одлучи да побара од Владата да се преиспита влијанието на малите хидроцентрали врз животната средина во Националниот парк Маврово во согласност со препораките од Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

