Македонија
Анѓушев и Сугарески во посета на Србија

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска ќе престојуваат во службена посета во Белград, Република Србија, каде што ќе остварат средби со претставници на Владата на Република Србија и на Стопанската комора на Србија.
Во зградата на Владата планирана е заедничка изјава за медиумите на вицепремиерот Кочо Анѓушев, потпретседателката на Владата на Република Србија и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај, Зорана Михајловиќ, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Подоцна Анѓушев и Сугарески ќе остварат средба со претседателот на Стопанската комора, Марко Чадеж, а потоа пред претставници на компании, членки на Комората, ќе бидат презентирани можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од планот за економски раст на Владата на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.