Македонија
Анѓушев-Костеланчик: Со членството во НАТО се очекува зголемен интерес од странските инвеститори
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, се сретна со Дејвид Костеланчик, новоименуваниот директор во канцеларијата за јужна и централна Европа во Стејт департментот, со кого разговараа за евро-атлантските интеграции на Северна Македонија, како и за економската соработка помеѓу нашата земја и САД.
Анѓушев се заблагодари за поддршката која САД ја дава во процесот на станување на полноправна членка на НАТО-алијансата, како и во процесот на спроведување реформи во насока на отворање преговори за членство со Европската Унија. Тој го реафирмираше ставот на Владата дека земјата останува целосно посветена на евро-атлантските интеграции и дека членството во Евроазиската Унија воопшто не е опција за Северна Македонија.
„Околу 80% од вкупната трговска размена на Северна Македонија е поврзано со земји членки на ЕУ и реформите кои се спроведуваат во земјата се во насока на унапредување на сите аспекти на општествено-економското живеење и усогласување на легислативата со европската. Членството во НАТО, како најмоќен политички-воен сојуз кое е извесно дека ќе се случи на почетокот на 2020 година, дава дополнителна стабилност на земјата, сигурност на инвеститорите и очекуваме дека позитивно ќе влијае на привлекување на нови странски директни инвестиции, проширување на капацитетите на домашните компании, а со тоа и на отворање нови работни места и повисоки плати за граѓаните. Членството во други сојузи, како што е на пример Евроазиската Унија воопшто не е опција која ја разгледуваме“, потенцира вицепремиерот Анѓушев во разговорот со Костеланчик.
Костеланчик подвлече дека САД дава недвосмислена поддршка за членството на Северна Македонија во НАТО и отворање на преговорите со ЕУ. Двајцата соговорници се согласија дека со членството во НАТО може да се очекува зголемен интерес од странските инвеститори во земјава.
Дејвид Костеланчик е дипломат од кариера во службата за надворешни работи на САД, а позицијата директор на кацеларијата за јужна и централна Европа во Стејт департментот ја презема во август 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

