Македонија
(Видео) Апасиев: Ако сакав да се шитнам ќе ја прифатев понудата на Заев

Професорот и член на президиумот на Левица, Димитар Апасиев, демантира дека има договор со професорката Гордана Сиљановска-Давкова тој да биде дел од претседателскиот кабинетот доколку таа биде избрана за претседател на државата.
„Мене ми е помила професорската работа. Кога бев советник во СЈО се шпекулираше дека Мијалков ми купил стан, сега дека Мицковски ми купил автомобил. Кога го апсеа Савески, јас му ги држев прес-конференциите. Господ да ве чува од неблагодарни луѓе. Да сакав да се шитнам, уште кога ми понуди Заев, ќе прифатев и досега ќе бев пратеник. Ако бидам пратеник, тоа нема да биде преку шлепање на големите коалиции, туку со заслуга на Левица. Јас не се гледам себеси како политичар, туку како професор по право и тоа засега ми е доволно“, рече Димитар Апасиев.
По средбата со Сиљановска, професорот Апасиев рече дека сè уште не е дифинирано дали Левица јавно ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ или ќе останат на т.н. „антибојкот“ позиција.
„Цениме дека ние како партија заземавме антибојкот позиција, оти бојкотот на претседателските избори е бесполезен, за разлика од бојкотот на референдумот кој имаше суштина. Како што кажа Сиљановска, ние сме биле на иста политичка линија уште во времето на Груевски, бевме заедно во професорскот пленум, бевме заедно на таа антипреспански договор кампања. Имаме точки кои нè спојуваат, но и точки кои нè раздвојуваат. Ние немаме дефинитивен став, а до предизборниот молк, се надевам дека ќе кажеме дали отворено ќе ја поддржиме професорката“, додаде Апасиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР: На ниту еден граѓанин не му беше скратено правото да присуствува на вчерашниот протест во Кочани

Министерството за внатрешни работи реагира со демант по објавите во дел од порталите и на социјалните мрежи дека наводно полицијата вчеране дозволила влез на граѓани во Кочани, кои сакале да учествуваат на протестот „Маршот на ангелите”. Напротив, велат од МВР, ниту еден граѓанин не беше спречен да влезе во Кочани.
„Со цел остварување на своите законски надлежности, меѓу кои и безбедно одвивање на протестот „Маршот на ангелите” на 15.08.2025 во Кочани, СВР Штип вршеше редовни контроли на сообраќајот (возила и возачи) на подрачјето на СВР Штип, вклучувајќи го и градот Кочани. Но, на ниту еден граѓанин на кој му беше извршена редовна сообраќајна контрола, не му беше скратено правото на слободно учество на протестот „Маршот на ангелите” и не е задржан повеќе од нормално потребното време за вршење на полициска контрола“, велат од МВР.
Апелираат да не се шират дезинформации со кои се вознемируваат граѓаните.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски добил 200 илјади евра од Еразмус+, наместо младите

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека пари од програмата Еразмус+, наменети за образовни проекти за младите, завршувале кај поединци блиски до СДСМ.
Во денешното соопштение од партијата се наведува дека преку Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, со која раководела Лидија Димова, биле доделени 200 илјади евра на проект на професорот Љубомир Фрчкоски.
„Димова и Зоран Заев со пари од Еразмус+ си ги плаќаа послушните и подобните кои требало да им завршат некоја работа или пак јавно да ги бранат. Покрај што со пари од агенцијата, преку Лазар Нанев, Заев си ја купуваше слободата исто така си ги плаќаше и неговите идеолози и јавни поддржувачи“ се наведува.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Еразмус+ бил користен за „плаќање судии, професори и експерти блиски до власта“ и дека тоа е уште еден пример за, како што велат, злоупотреба на институциите за партиски интереси.
Македонија
Влен: Османи 20 години гради кариера, без проекти за Чаир

Коалицијата „Влен“ го критикуваше Бујар Османи, наведувајќи дека во изминатите 20 години тој градел лична политичка кариера, но не реализирал ниту еден проект за општина Чаир.
„Дваесет години Османи е во највисоките државни функции, а ниту еден човек од Чаир не почувствува поддршка или помош од него. Денес гледаме глума и празни зборови“, стои во соопштението.
Од ВЛЕН додаваат дека Османи не е кандидат за Чаир, туку за сопствена кариера и дека граѓаните на општината очекуваат посветеност, вистинска работа и конкретни резултати. Во реакцијата се наведува и дека младите во ДУИ се приклучуваат кон ВЛЕН, каде, како што велат, гледаат визија и перспектива.