Македонија
Апасиев: Власта крати пари од лицата со инвалидитет додека коленичи кај олигарсите
„Социјална држава од ЕУ, во просек, троши околу 7% од државниот буџет за социјални трансфери наменети за разни бенефиции на лицата со инвалидитет.
Македонија (која по Устав е „социјална држава“) – за лицата со инвалидитет (кои се околу 90.000 на број) – троши 0,0002% од републичкиот Буџет“, пишува во објава на социјалните мрежи лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
„И пази сеа… Идат одвратните десничарски дарвинисти на власт, и на луѓево им кратат 165.000 ЕУР со ребалансов на Буџетот (од првично предвидените 80 милиони денари) – и тоа од веќе доделените средства, за кои има владина одлука и договор склучен со МТСП.
Ете, така штедат Десничарите – додека коленичат пред стопанските комори и договараат намалување на данокот на олигарсите.
p.s. На Мицко патувањето у Вашингтон со бизнис-класа да не го плативте со овие пари?“, пишува Апасиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

