Македонија
Апелација на 23 мај ќе одлучува за затворските казни за обидот за убиство на Села
Во Апелациониот суд во Скопје на 23 мај ќе се одржи јавна седница за пресудата за седумтемина неправосилно осудени за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села. Судија известител во предметот е Сафет Кадрии.
Судијката од Основниот суд Скопје 1, Славица Андреевска, лани обвинетите ги огласи за виновни бидејќи со умисла се обиделе го убијат пратеникот Зијадин Села.
Според пресудата, најголема казна од 13,6 години доби Никола Војминовски, а Кире Георгиевски и Александар Јаневски-Тошта добија по 13 години затвор. По десет години и шест месеци затворски казни добија Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Оливер Ошавковски и Коста Делов.
Никола Војминовски, кој се наоѓаше во куќен притвор до правосилноста на пресудата, избега и сè уште е недостапен за органите на прогоот.
За обидот за убиство на Села првично беа обвинети 10 луѓе, но Сашо Сенков беше ослободен од обвинение, а обвинението за Стојан Павлевски и Цејо Ѓорѓиевски беше преиначено во насилство, па по признавањето вина, беа осудени на три, односно една година и два месециа затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

